Македонија во петтата група за Мундијалот во 2014

Фудбалската репрезентација на Македонија е вклучена во петтата група за ждрепка за европскиот дел од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2014 година, што ќе се одржи во Бразил.

Македонија е во истиот барабан со фудбалските репрезентации на Австрија, Азербејџан, Велс, Естонија, Кипар, Летонија, Молдавија и Финска, што значи дека нема да може да биде во иста квалификациска група со некоја од овие селекции.

Како што соопшти синоќа Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) во првиот барабан ќе бидат репрезентациите на Англија, Германија, Грција, Италија, Норвешка, Португалија, Холандија, Хрватска и Шпанија.

Ждрепката за одредување на квалификациските групи ќе се одржи на 30 јули.

Согласно квалификацискиот распоред, директен пласман на Мундијалот во Бразил обезбедуваат првопласираните репрезентации во секоја од деветте квалификациски групи и најдобрата второпласирана селекција, додека останатите четири европски места ќе ги пополнат осумте преостанати второпласирани репрезентации по одиграните бараж натпревари.

Групи за ждрепка за европските квалификации за Светското фудбалско првенство во Бразил во 2014 година:

1. Англија, Германија, Грција, Италија, Норвешка, Португалија, Холандија, Хрватска и Шпанија.

2. Данска, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Франција, Црна Гора, Швајцарија и Шведска.

3. Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Израел, Ирска, Турција, Унгарија и Чешка.

4. Албанија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Литванија, Полска, Северна Ирска, Унгарија и Шкотска.

5. Австрија, Азербејџан, Велс, Естонија, Кипар, Летонија, Македонија, Молдавија и Финска.

6. Андора, Исланд, Казахстан, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Сан Марино и Фарски Острови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...