Размена, Кака за Мајкон

Жозе Мурињо го сака десниот бек на екипата на Интер, Мајкон, во своите редови, а за таа цел е подготвен кон Милано да го испрати Кака, кој во последната сезона повеќе беше на клупата отколку на теренот.

Според шпанските, но и италијанските медиуми Мајкон е приоритет на Мурињо. Тој сака да ја засили бековската позиција на десната страна бидејќи и покрај новиот договор Серхио Рамос би можел да го напушти Бернабе.

Сепак, Реал Мадрид не е подготвен да плаќа за Мајкон, па затоа се планира размена. Во неа би требало да биде вклучен Кака, кој е ставен на трансфер листата кај "кралевите". Интер уште во текот на последната сезона се обидуваше да го ангажира, па сега ќе добие можност да го оствари планираното.

Според информациите, се ќе зависи од тоа колку Реал Мадрид ќе побара за отштета. Ако таа одговара тогаш постои голема веројатност дека ќе дојде до размена и Кака ќе се врати во Милано, но сега во составот на Интер, а Мајкон ќе се пресели во таборот на "кралевите".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...