Јонуз во длабок сон, чека да го сменат

Селекторот го преспа речиси целиот целиот квалификациски циклус но сега купува време и ќе бара пари од ФФМ за да замине од националниот тим

Ниту Мирсад Јонуз има храброст да поднесе оставка а ниту УО на ФФМ има сила да го разреши селекторот. И едните и другите продаваат празни приказни и купуваат време за да незадоволството стивне. Чекаат незадоволната публика да се фокусира на летните одмори, фудбалската јавност да стивне и потоа да се добие нова шанса, некој нов тест меч за да се купат уште неколку средби. Сме гледале вакви филмови и ќе ги гледаме. Тоа што го прави Мирсад Јонуз во националниот тим тоа му се случува на фудбалот во Македонија од страна на Харалампие Хаџи Ристески. Идентични особини и личности кои зад себе немаат ништо направено во фудбалот а сепак се "болни" за позициите кои не ги даваат. Вистината е таа и нема бегање. Ниту Јонуз има успеси со репрезентацијата а нити Хаџи Ристески ја води федерацијата онака како што треба.

А поминаа три ноќи од бруката наречена Република Ирска, од срамниот пораз од губењето на квалификациите... Три ноќи а Јонуз побара да преспие за да и дефинитивно кажеше што понатаму. Селекторот сигурно е во длабок сон иако спие речиси во целиот квалификациски циклус. Тој е најлошиот селектор во историјата на националниот тим затоа што е единствениот кој сруши рекорд со дури четири порази во низ и речиси две години без победа на домашен терен. Подобри сме само од Андора, силните не "плескаат" каде сакаат а Ерменија не понижи среде Скопје. И што има да се чека, да се спие... Математиката е јасна. Јонуз нема резултати, нема идеја а ниту знаење и моќ како да се спаси распад системот кој владее во репрезентацијата.

Што чека...!? Се знае. Ќе спие се додека не го сменат за да го активира договорот и бара пари како отштета од ФФМ. Друга причина нема. Сега станува јасно дека на него и на тие околу него не им е битно што националниот тим е во ужасна состојба. Што се е срушено и тешко дека ќе се спаси. На сите тие интересот им е пред националната гордост. Но доживеаја рекорден број навивачи (околу 30.000), во саботата да им се истурат: "Оди си Јонуз, оди си Јонуз...".

Зарем на селекторот не му стана јасно дека готово е со него. Дека публиката, дека народот не го сака. Дека се прочитани сите тие лажни приказни. Може да се бараат алиби, да се купува време но оваа наша публика разбира фудбал. Сите се свесни дека на репрезентацијата и е потребен нов човек, нов лидер. Вака повеќе не може. А и УО на ФФМ размислува губитнички. Завчера имаа состанок на УО и не зборуваа за Јонуз. Па ако националниот тим не треба да биде на дневен ред за што друго трошат време. Сега барем е лесно. Постојат "милион" причини за да му се даде шут карта на селекторот. Ако е за парите нека му даваат личен доход до крајот на годинава но Јонуз никако не смее да добие нова шанса, да остане на клупата и да не води на следните дуели. Не смее затоа што во тој случај ќе се случи тотален распад систем - тотален хаос. Во следните денови ќе го обелодениме последните потези на Јонуз пред дуелот со Република Ирска по што стана јасно дека репрезентацијата е во длабока криза а дел од фудбалерите се користат како оган кој треба да направи голем пожар по кој спас нема да има.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...