Шкендија декласирана

Фудбалерите на Шкендија се поразени во својот прв настап во еврокуповите. Тие синоќа во Белград во рамките на второто квалификациско коло од Лигата на шампионите загубија од српскиот претставник Партизан со убедливи 4:0.

Првото полувреме заврши нерешено 0:0, иако гостите од Тетово ја имаа најубавата шанса први да постигнат гол, но пеналот на Ферхан Хасани во 12.минута го одбрани домашниот голман Владимир Стојковиќ.

Во второто полувреме Партизан доминираше. По само три минути игра (48.минута) „црно-белите“ дојдоа во водство со голот на Звонимир Вукиќ. Десет минути подоцна бразилскиот интернационалец Едуардо зголеми на 2:0. Седат Бериша со автоголот во 76.минута му донесе предност на српскиот шампион од 3:0. Конечните 4:0 ги постави Марко Шчеповиќ во 87.минута.

Реванш натпреварот ќе се одигра во вторник на 19 јули во Скопје.

На другите 10 натпревари одиграни вчеравечер постигнати се следниве резултати Зестафони - Дачија 3:0, Макаби Хаифа - Борац 5:1, Малме - Торшван 2:0, Бангор Сити - ХЈК 0:3, Скендербеу - АПОЕЛ 0:2, Динамо Загреб - Нефчи 3:0, Штурм - Видеотон 2:0, Сконто Рига - Висла 0:1, Розенборг - Брејдаблик 5:0 и Линфилд - Бате Борисов 1:1.

Во вторникот беа одиграни првите шест дуели од оваа фаза во квалификациите за ЛШ: Пјуник - Викторија Плзен 0:4 Валета - Екранас 2:3, Могрен - Литекс 1:2, Марибор - Дуделанж 2:0, Слован Братислава - Тобол 2:0 и Шамрок Роверс - Флора 1:0.

Реваншите се на 19 и 20 јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...