Мурињо ми рече да не одам

Плејмејкерот на репрезентацијата на Холандија и на екипата на Интер, Весли Снајдер откри зошто не се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед во текот на ова лето.

Тој беше еден од најпосакуваните играчи од неколку екипи, а Јунајтед беше најблизу до неговите услуги. Сепак, во последен момент не дојде до трансфер иако многу англиски медиуми говореа дека на 31 август Манчестер подготвува "трансфер-бомба", а се мислеше на Снајдер.

Сепак, по многу разговори, Снајдер остана во Интер, а во изјава за италијанските медиуми открива зошто го продолжи престојот во Милано.

"Останувам во Интер бидејќи сакам уште титули со овој тим. Титулата во Италија е многу возможна, но и во Лигата на шампионите иако е многу потешко да се стигне до неа. Посакував да се преселам во Јунајтед, но ме премисли само еден човек. Разговарав со Мурињо и тој ми рече да не одам во Манчестер и да останам во Интер. Тој е голем приврзаник и симпатизер на 'нероазурите'. Неговите зборови имаа големо влијание на мене. Можам да кажам и тоа дека Гасперини има квалитет за да го води нашиот тим. Ако тој не сака да има плејмејкер во својата шема за игра јас сум подготвен да ја сменам мојата позиција", коментира Снајдер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...