Се освен победа е катастрофа

Нерешен резултат или евентуален пораз од Андора би бил рамен на катастрофа за Македонија и лично за нас. Таков исход не смееме да дозволиме ние репрезентативците кои сите играме во големи клубови. Иако шансите за висок пласман во овие квалификации се изгубени ние мора да играме и за себе и за новиот селектор и за државата. Мислиме само на победа и ништо друго не не интересира, истакна македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Попов на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел со Андора.

Попов се осврна и на петочниот натпревар со Русија, на кој Македонија иако минимално загуби, според него прикажа најдобра игра во последниве 5-6 години, а главната причина за поразот ја гледа во недосудениот пенал над Пандев по кој го примивме единствениот гол.

Задоволство од прикажаната игра со Русија искажа и селекторот Џон Тошак, но тој нагласи дека без реализација на шансите не може да се очекува поволен резултат.

- Тешко е селекторот да ги учи играчите да постигнуваат голови. Разговаравме околу ефикасноста, работевме и на тренинг, но основно е да се промени менталитетот на играчот. Фудбалерите мора да бидат поконцентрирани и поагресивни и од таквиот нивен пристап ќе зависи дали ќе се постигнуваат голови, рече Тошак.

Горан Пандев, Николче Новески и Мухамед Демири нема да имаат право на настап со Андора и поради тоа шанса да се наметнат кај Велшанецот ќе добијат помладите репрезентативци.

Tошак им сугерирал на играчите дека утрешниот дуел ќе биде тежок и покрај слабиот рејтинг на Андорците тие играат добар фудбал, а тоа го покажуваат резултатите од групата каде  неколку натпревари имаат минимално изгубено.

Натпреварот Македонија - Андора кој е од 8.коло во квалификациите за ЕП 2012 ќе се одигра утревечер со почеток од 20 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Македонија во досегашните 7 натпревари има пет порази еден нерешен резултат и само една победа, токму против Андора на гостински терен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...