Конечно, врз Андорци ќе "лечиме рани"

"Не смееме да дозволиме 'кикс' против Андорците, не смееме да си играме со македонското име... Мотивот за триумф ни се Македонија и новиот селектор", велат Попов и Тричковски

Кој друг ако не Андора!? Колку и да звучи болна, една е вистината дека само 202. репрезентација во светот главно носена од фудбалери-аматери е нашата единствена шанса за победа низ актуелниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2012... Па откако претходно нанижавме пет порази и едно реми со Ерменците, повторно ни доаѓаат Андорците, овој пат денеска од 20 часот на националната арена "Филип Втори" да "лечиме рани".

Македонските репрезентативци по квалитетната игра на претходниот дуел во Москва, и покрај незаслужениот пораз, во позитивно расположени очекуваат конечно три бода за нас...

"Никако не смееме да дозволиме 'кикс' против Андорците. Тоа би било веќе голем срам за нас. Секако дека имаме мотив и за овој натпревар против аутсајдерот. Мотивот ни се Македонија, македонскиот дрес, но и желбата да му покажеме на новиот селектор дека знаеме да играме фудбал", вели левокрилниот дефанзивец Горан Попов, кој како и останатиот дел македонски фудбалери не може да го заборави последниот пораз од Русите.

"Сите знаат дека незаслужено загубивме. Со Русија одигравме навистина добро. Откако сум во репрезентацијата последните пет-шест години може слободно да кажам дека никогаш не сме одиграле така квалитетно. Но, еден момент, еден недосуден пенал и се се сруши. Но, сето тоа е веќе зад нас. Мора да се концентрираме на Андорците, и никако да ги потцениме. Лично сигурно сакам поубедлива победа која ќе ја врати самодовербата во нашите редови".

Сосема еднакво, како што нагласува, е размислувањето и на офанзивецот Иван Тричковски, од кого неизбежно се очекуваат голови на дуелот...

"Сите ние чекаме голови. Но, фудбалот е таков што некогаш од две можности ќе дадете два гола, а некогаш, како во Русија, ќе имате и 15 шутеви, а нема да постигнете гол. Целта, како што вели и новиот селектор, е активна игра во нападот и постојан атак кон противничкиот гол. И во Москва, Џон Тошак од нас бараше постојано да играме во напад, да не дозволиме противникот да не притисне пред нашиот гол... И тоа го реализиравме, но, за жал, не постигнавме гол. По добрата игра во Русија, сега не смее да има никакво опуштање, не смеат да се потценат Андорците и максимално концетрирано да стигнеме до триумф", вели Тричковски.

А, нападот и реализацијата се најголемиот проблем и за селекторот Тошак...

"Побарав од фудбалерите да бидат попродуктивни во нападот. Тоа мора да се поправи во иднина. Ја гледав листата на стрелци, и може да забележам дека на врвот е Пандев, а потоа огромна празнина. Од овие фудбалери кои сега се во репрезентативниот состав ретко кој постигнал гол... А, доколку сакаме победи мора да има голови. Андора е убава можност за тоа, иако мора да потенцирам дека никој не смее да се залажува дека ќе биде лесен натпревар. Погледнете како Словачка се намачи со Андора. Секако овој натпревар во Скопје ќе биде многу поразличен од оној во Москва. Сега ние сме огромни фаворити. И мотивот е поразличен. Од еден врвен натпревар против селекција како Русија, сега треба да се спуштиме... Но за фудбалерите настапот во националниот дрес сигурно е доволен мотив да се одигра квалитетно на победа", истакна на вчерашната средба со медиумите Велшанецот во очекување на првата своја победа на клупата на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...