Три бода со СВИРЕЖИ!!!

Нацијата може мирно да спие затоа што да не е Андора нашите "најдобри" фудбалери ќе заборавеа што беа тоа бодови

Со аматерска игра успеавме да ги победиме аматерите од Андора. Очајно и бедно издание на македонската фудбалска репрезентација која со многу потешкотии стигнаа до тенка победа од 1:0 над 202. селекција на ФИФА листата. Синоќешното издание беше и дефинитивна потврда дека овој наш национален тим е безнадежен и слаб. Иако славевме, иако освоивме 3 бода, сликата на теренот беше лоша. Настапот мизерен, а повеќето од играчите треба да се засрамат затоа што за националниот тим треба да се гине и да се игра, а не истиот да служи како модна писта и шанса да се направи трансфер.

Избраниците на Тошак цел час немаа идеја како да стигнат до голот на гостите. Тоа се случи во 59. минута кога среќно топката стигна до Ивановски, кој да не беше погодокот ќе конкурираше за еден од најслабите играчи на теренот. Фудбалерот на полскиот второлигаш Арка за време на средбата доби и најмногу критики од клупата и од селекторот Тошак, кој нервозно реагираше на секоја негова грешки. Но постигна гол за разлика од некои други кои исто како и Ивановски се далеку послаби од играчи кои играат во домашниот шампионат.

Но да не беше таа 59. минута и тој спасоносен гол бевме на работ на нова мизерија и нов дебакл од селекцијата во чиј состав играат електричари, рецепционери, болничари... Но и такви фудбалерите на Андора ни создадоа проблеми, а згора на тоа во последните минути дури и ја чувавме оваа бедна победа од 1:0. Гостите двапати се заканија, но немаа сили да стигнат до сензација.

Покрај голот на Ивановски, нашите фудбалери имаа уште неколку шанси и треба да се нагласи дека Иван Тричковски беше нашата најсветла фигура на теренот иако и тој многу грешеше и многупати имаше лоши удари кон голот.

Од друга страна, пак, нацијата треба по овој триумф мирно да спие. Да не е Андора нашите "најдобри" фудбалери ќе заборават и кога последен пат освоиле бодови, но и стигнале до квалификациска победа. Вака го избегнавме фенерот затоа што во дербито на двете "најутепани" селекции во групата успеавме да се радуваме. До каде стигнавме...!? Да се радуваме на победа над Андора и тоа среќно, а свирежите од трибините по нашите фудбалери се доволен доказ колку биле очајни и мизерни на теренот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...