Тошак задоволен само од резултатот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак на синоќешната прес-конференцијата веднаш по натпреварот со Андора рече дека е задоволен само од резултатот, а не и од играта на неговите избраници.

- За разлика од натпреварот против Русија кога Македонија беше поразена, а играше добро, со Андора остваривме победа, но играта не беше каква што посакував. Само со одредени сегменти од вечерашната игра сум задоволен, но прикажаното во последните 20-ина минути не беше добро. Сепак јас верувам дека до следните квалификации има време да се направи добра анализа и правилна селекција на играчи. Секогаш гледам позитивно на работите па очекувам позитивни резултати, изјави велшкиот стручњак кој ја предводи Македонија.

Неговиот колега Колдо Алварез кој седи на клупата на Андора беше презадоволен од прикажаната игра и борбеност на неговите играчи, но изрази жалење што неговата репрезентација не го освои како што рече толку посакуваниот бод во овие квалификации.

Освен дуелот Македонија - Андора 1:0, синоќа се одиграа и другите два натпревари од „Б“ квалификациската група за еврошампионатот 2012. Постигнати се следниве резултати: Русија - Република Ирска 0:0 и Словачка - Ерменија 0:4.

Табела по осум одиграни кола: Русија 17 бодови, Република Ирска 15, Ерменија 14, Словачка 14, Македонија 7 и Андора 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...