Раниери нов тренер на Интер

Иако веста сеуште не е официјално потврдена, сите италијански медиуми го наведуваат истото - Клаудио Раниери е нов тренер на Интер.

Го потврди тоа и некогашниот тренер на Валенсија, Атлетико Мадрид, Јувентус и Рома, кој во интервју за "РАИ Спорт" изјави:

"Мислам дека ќе морам многу да разговарам со тимот. Менталниот аспект е многу важен. Интер е одличен тим и мора да го фатиме ритамот по слабиот старт. Имаме играчи и се потребно за поткренување на тимот."

"Гасперини (тренерот на Интер кој доби отказ) го имаше секое право да ги спроведе своите идеи. Се обиде да направи неговиот состав да функционира, но безуспешно. Мислам дека не треба да го критикуваме, бидејќи се обиде неговите идеи да ги спроведе до крај. За мене секој состав може да донесе победи, но ако Интер од секогаш играл на одреден начин, очигледно постои причина за тоа." - додал стратегот кој ќе стане 17. тренер во ерата на претседателот на Интер Масимо Морати (од 1995. година).

На крајот Раниери сепак одбил да ги обелодени целите на тимот кој евидентно ќе го води во продолжение од сезоната.

"Не сакам да ветувам работи. Сакам да го извлечам најдоброто од овие играчи кои можат многу да пружат."

Раниери веќе денес на тренингот на Интер

"Газета дело Спорт" наведува дека синоќа е постигнат договор меѓу Интер и Раниери. Новиот тренер би требало да потпише договор по моделот 1+1 година, а веќе денес ќе го одработи првиот тренинг со тимот.

Гасперини доби отказ по катастрофалниот старт на сезоната. На пет официјални меча не забележа ниту една победа, забележа четири порази и едно реми.

Медиумите известуваат дека прва желба на Морати бил Карло Анчелоти, но договор не бил постигнат бидејќи стратегот сакал долготраен договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...