Има ли бунт против Мурињо?

Ја губи ли контролата?

Според медиумите во Шпанија во Реал Мадрид ситуацијата не е како досега и во соблекувалната има големи проблеми бидејќи фудбалерите полека му го вртат грбот на Жозе Мурињо и веќе не играат како што тој ќе им кажен.

Она што можеше да се забележи на дуелот против Расинг Сантандер е огромна потврда за тврдењата од Шпанија, а особено од "Ел Паис" каде што излегоа првите информации за бунтот кај "кралевите".

Иако сето ова засега е многу тивко и ретко кој го забележува, сепак, сосема е јасно дека се почна со поразот од Леванте. После средбата Мурињо направи нешто што досега не му се случило во Реал Мадрид. Тоа беше обвинување на играч како директен виновник за загубениот меч. Обично тоа досега му беа само судиите, кои и понатаму се редовни на списокот за обвинети кога тим на Мурињо ќе загуби средба.

Во неделата, Мурињо го посочи Кедира како директен виновник бидејќи добил црвен картон и го оставил тимот на цедило. Се чини дека овој пат играчите не го поддржуваат Мурињо туку застанаа на страната на Кедира и токму тука можеби и лежи виновникот што екипата на Реал Мадрид е далеку од онаа која што во подготвителниот период газеше речиси се пред себе.

"Кедира на секој меч веќе после 20 минути има жолт картон. Додека играше во Штутгарт никогаш не се покажуваше во такво издание. Никогаш не сум го видел така агресивен. Сето ова сега е дело на Мурињо и мислам дека тој го направи Кедира таков како што е во моментов", вели поранешниот тренер на Реал, Бернд Шустер.

И додека играчите си тераат по свое (така изгледа на теренот), тренерот на Реал Мадрид и натаму е во центарот на вниманието со своите препознатливи изјави. Одново најде виновници зошто Реал не освои три бода, а секако повторно виновен беше судијата и играчите на противникот кои не сакаа да се тргнат за да остават простор за Реал Мадрид да стигне до победа.

"Честите симулации на играчите на Расинг беа причина што не успеавме да го пронајдеме вистинскиот ритам на игра. Судијата повторно не сакаше да види игра со рака во шеснаесетникот. Сепак, и покрај тоа морам да му честитам на составот на Расинг за добрата игра во одбраната. Морам да потенцирам дека ние како екипа не бевме на вистинското ниво. Се обидовме да дадеме гол, но не ни одеше. Сега ни претстои меч против Рајо во сабота каде мораме да се обидеме да тргнеме на победа и да се вратиме во нормала", вели Мурињо.

И покрај се во моментов една работа е сосема јасна, а таа е дека доколку Реал Мадрид и утре не освои три бода столчето на Мурињо опасно ќе се разниша. Дали трпението на Перез ќе биде и натаму на истото ниво или, пак, ќе одлучи да реагира ќе се види веќе утре кога на Сантјаго Бернабе гостува Рајо Валекано, тим кој би требало да биде лесна задача за "кралевите".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...