Продолжуваат возбудувања во ЛШ

Баерн сака триумф и над Сити

Дербито на 2. коло во Лигата на шампионите денеска се игра во Минхен каде што екипата на Баерн го пречекува Манчестер Сити во борба за врвот од групата "А". Одличната форма во која настапуваат фудбалерите на Баерн од стартот на сезоната е голема предност за овој тим на денешниот дуел, но и гостите од Англија имаат што да прикажат бидејќи и тие играат одлично.

Предност за "баварците" е и домашниот терен. Стадионот каде што ќе се игра финалето во оваа сезона од ЛШ е голем мотив за фудбалерите на Баерн и затоа тие на денешниот дуел ќе истрчаат со желба да стигнат до уште една победа.

"Се наоѓаме во добра форма и уживаме во играта. Тоа ни дава дополнителни сили на секој меч и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и понатаму", вели капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам.

На сето ова се надоврзува и неговиот колега од тимот кој во моментов важи за еден од најдобрите фудбалери во Германија, Бастијан Швајнштајгер.

"Очигледно е дека сезонава сме во далеку подобра форма отколку што беше случај во минатата. Играме добро и со секој нов меч покажуваме напредок. Веројатно дуелот со Манчестер Сити е нашиот најголем предизвик сезонава и можеме да очекуваме добра средба на која ќе има што да прикажеме. Очекувам добар натпревар и борба за трите бода. Со нетрпение го очекувам мечот и верувам во нова победа", коментираше Швајнштајгер.

Дека нема да биде воопшто лесно покажуваат и изјавите кои пристигнуваат од Манчестер. Фудбалерите на овој тим исто така се убедени дека можат да одиграат добар меч на ова гостување и воедно да стигнат до бодови.

"Против Наполи одигравме нерешено, но на овој дуел противникот имаше феноменална партија. Веруваме во нас и сигурни сме дека против Баерн ќе одиграме далеку подобро и нема да ги повториме грешките кои ни се случија на средбата на домашен терен. Ќе се обидеме да ја задржиме топката што подолго во наш посед и да наметнеме своја игра. Свесни сме дека ќе биде тешко, но знаеме дека мораме да нападнеме против Баерн ако сакаме резултат. Само таква игра може да ни донесе успех против тимот кој нема примено гол на неколку средби", вели шпанскиот интернационалец во редовите на Манчестер, Давид Силва.

Она по што овој дуел ќе го привлече вниманието е секако одличната форма на двата состави. Имаат одлични средби од стартот на сезоната. Баерн Минхен има само еден пораз во Бундес-лигата, но по тој пораз почнаа да играат далеку подобро и врзаа неколку победи во серија. Манчестер Сити, пак, има само еден нерешен меч и пет победи, што значи дека и двете екипи се "скарани" со поразите и на овој натпревар ќе биде навистина интересно да се види кој од нив ќе успее во намерите да стигне до бодовите. Секако тие се многу значајни бидејќи групата е најсилна од сите во Лигата на шампионите и ќе биде максимално интересно да се види како ќе течат работите.

НАПОЛИ ВО МАЛА ПРЕДНОСТ

Покрај дерби средбата од 2. коло која се игра во Минхен има уште неколку дуели кои го привлекуваат вниманието и кои сигурно ќе донесат возбудлив фудбал на терените во осумте града.

Ќе се обидат да го искористат отсуството на Роси - Кампањаро

Меѓу оние средби коишто сигурно ќе го привлечат вниманието на публиката е и вториот меч од "А" групата каде што Наполи на Горан Пандев го пречекува составот на Виљареал. Ждрепката сакаше овие два тима да ги повторат двобоите од февруари кога играа во 1/16 финалето од Лига Европа.

На тој меч Наполи не забележа победа на домашен терен, а мечот беше сиромашен со голови. Средбата заврши со 0:0, но оттогаш и двата тима се изменети. Проблемите со повредите во Виљареал сигурно ќе бидат шанса за Наполи да освои три бода, па затоа на овој меч домашните се во предност.

ИНТЕР ПО ПРВИ БОДОВИ

Откако успеаја да победат во Серија "А" во саботата против Болоња, Клаудио Раниери ќе сака да дебитира и во ЛШ со три поени. ЦСКА Москва иако е ослабена, сепак, ќе биде тежок ривал за Интер кој исто така не е во комплетен состав.

Интер има позитивен биланс против ЦСКА бидејќи на четирите средби досега има четири победи. И двата меча поминаа со само еден гол позитива, но доволно за да се освојат бодови. Во 2007 година тоа беше случај во групната фаза, додека во 2010 година во четвртфиналето од ЛШ.

За разлика од овој меч каде што Интер ќе се обиде да стигне до петата победа против ЦСКА, во Турција Лил првпат ќе ги одмери силите против Трабзон. Најголемото изненадување во 1. коло од ЛШ сега го пречекува францускиот првак, а сосема е јасно дека Лил ќе извлече поука од поразот на Интер и ќе нападне доволно силно за да се врати со три бода од Турција.

ЈУНАЈТЕД И БЕНФИКА, ФАВОРИТИ

Составите на Манчестер Јунајтед и Бенфика се големи фаворити на средбите со Базел и Оцелул и тука не се очекуваат некои изненадувања. И на двата меча може да се очекува ефикасна игра и многу погодоци, но факт е дека и на едниот и на другиот дуел фаворитите се пред освојување бодови.

Тимот на Јунајтед нема да може да смета на Вејн Руни, но сосема е јасно дека и без повредениот напаѓач Манчестер има сила за триумф.

РЕАЛ ПАК ПРОТИВ АЈАКС

Добро познатите ривали од ланската сезона, Реал Мадрид и Ајакс одново ќе ги одмерат силите во групната фаза од ЛШ. Гледајќи ги резултатите од минатото Реал не може да се пофали дека бил екстра успешен бидејќи Ајакс успевал да победи на Сантијаго. Иако "кралевите" се ослабени сосема е јасно дека Холанѓаните тешко ќе може да изненадат овој пат.

Затоау се очекува да биде интересно во Франција каде што Лион игра против Динамо.

"Не се согласувам со некои размислувања дека Лион е фаворит против Динамо. Сметам дека нашиот противник е исто така силен и ќе имаме големи проблеми за да ги освоиме бодовите на овој меч", вели тренерот на Лион, Реми Гарде.

Од Динамо, пак, најавуваат дека ќе се обидат да ја повторат добрата игра од мечот против Реал, но овој пат се надеваат дека ќе може да освојат и барем еден бод.

Инаку, Динамо веќе успевал да победува против француските тимови, додека Лион првпат ќе игра против екипа од Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...