Гомез за големи бодови

Составот на Манчестер Сити ја имаше играта под своја контрола во поголемиот дел од првото полувреме. Гостите беа поубедливи во нападите кон голот на противникот, но немаа реализација и нивните акции не донесоа погодок.

Место Манчестер да биде тимот кој ќе го постигне првиот гол на средбата на Алианц Арената тоа беше составот на Баерн Минхен кој во 38 минута од мечот успеа да казни грешка на гостинската одбрана. Марио Гомез продолжи со ефикасната игра и она што најдобро го прави во Бундес лигата сега го префрли во Лигата на шампионите, па донесе водство од 1:0 откако најдобро се снајде пред голот на Харт.

Во моментите кога сите очекуваа судијата да досуди крај на првото полувреме истиот фудбалер на Баерн донесе зголемено водство. Тони Крос изведе слободен удар кој беше нешто како скратен корнер. Топката одеше кон голот, а откако се одби дојде до Гомез кој непречен од никого ја смести зад грбот на немоќниот Харт. Тоа беше голема предност за Баерн на одморот од 2:0.

Во второто полувреме работите беа комплетно спротивни во однос на одвивањето на настаните. Баерн го диктираше темпото, а тимот на Манчестер Сити никако не успеваше да се снајде бидејќи не можеше да стигне до позиција да го загрози сигурниот Нојер. На тој начин голманот на тимот од Минхен остана несовладан на уште еден меч, така што останува убедливо голман број 1 во моментов во Европа.

НАПОЛИ ЗАВРШИ УШТЕ ВО ПРВИОТ ДЕЛ

Фудбалерите на Наполи многу порано во однос на Баерн ја завршија својата задача против Виљареал. Хамшик му донесе предност на својот тим уште во 14. минута по што само три минути беа потребни за да се запечати судбината на Виљареал.

При акцијата на Лавеци домашните беа невнимателни, па беше соборен во шеснаесетникот. Сигурен изведувач на пеналот беше Кавани кој во 17. минута донесе предност од 2:0 за Наполи.

Виљареал играше со Роси, кој иако ден пред мечот беше повреден излезе на теренот. Не успеа да му помогне на својот тим, кој и после паузата не можеше да се избори за пресврт, па мораше да се помири со фактот дека ќе остане без бодови и од вториот меч во ЛШ.

Горан Пандев играше од 71 минута, а влезе во игра на местото на Кавани. Сепак, не успеа да се запише меѓу стрелците.

ЈУНАЈТЕД СЕ СПАСИ ОД СРАМ

Додека сите внимаваа што се случува на дербито во Минхен, на Олд Трафорд Базел одлучи да приреди големо изненадување. Со неверојатен пресврт во второто полувреме Швајцарците се изборија за предност од 3:2, но не издржаа до крај, па Јунајтед успеа да се спаси и да се избори за реми.

Манчестер Јунајтед го доби првото полувреме откако за две минути успеа да стигне до водство од 2:0. Двоецот Гигс - Велбек беше клучен за погодоците. Гигс на двапати асистираше додека Велбек беше сигурен егзекутор и на тој начин му донесе предност на својот тим.

Сето она што беше сработено во првиот дел од средбата пропадна во продолжението кога Фабиан и Александер Фреј го шокираа Олд Трафорд.

Серијата почна во 58 минута преку Фабиан Фреј. Две минути подоцна голот на Де Геа го погоди за 2:2, а во 76 минута од пенал донесе неверојатни 3:2 за Базел. Во последната минута Јанг на асистенција од Нани донесе бод за Манчестер така што го спаси својот тим од голем срам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...