Далеку сме од титулата

Се израдува како мало дете - Антонио Конте

Јувентус заслужено славеше над Милан во дербито од 6. коло во Серија "А" и се искачи на првото место на табелата со 11 бодови. По брилијантната игра повеќето медиуми, но и верни фанови се присетија на блескавите моменти на екипата пред да биде исфрлена во Втората лига поради скандалот "Калчополи" па веќе размислуваат за Скудето на новиот стадион.

Иако има шест бода предност во однос на шампионот и седум во однос на Интер тренерот Антонио Конте не лета во облаци, односно не се согласува со мислењето на фановите бидејќи првенството штотуку почна и рано е да се размислува за титула.

"Анализирајќи го мечот мислам дека можевме да го решиме многу порано. Бев сигурен дека кога-тогаш ќе погодиме, а тоа се случи во финишот на мечот. Мора да го пофалам тимот кој одигра брилијантно и за првпат ми се случи да направам измени кон крајот на мечот бидејќи не сакав да го нарушувам балансот на теренот. Задоволен сум од тоа како се развива тимот, мислам дека оди во вистинска насока. Се уште е рано да кажам дека сме подготвени за Скудетото. Вечерва имавме голем тест кој успешно го положивме, но следуваат уште многу вакви натпревари на кои треба да се докажуваме. Затоа не сакам да предвидувам или да ветувам", изјави Конте.

Слично размислува и напаѓачот Мирко Вучиниќ, кој вчера имаше неколку одлични шанси, но не постигна погодок.

"Дадовме се од себе и победата е заслужена иако на головите чекавме дури 85 минути. Што се однесува до табелата, не би сакал да коментирам, но убаво е да си на врвот бидејќи те мотивира да продолжиш по тој пат. Рано е да мислиме на титула, подобро ќе биде да размислуваме како уште повеќе да ја подобриме играта", изјави Вучиниќ.

Последната победа на Јувентус над Милан во Торино беше на 14 декември 2008 година со 4:2, а оттогаш запиша два порази од 3:0 и 1:0. По неделниот триумф од 2:0 бројот на победи на Јуве над Милан (во Серија "А") се искачи на 35 од 77 меча. Херојот на неделното дерби беше Клаудио Маркизио, кој првпат постигнува два гола на еден меч и сега има 13 погодоци од 89 прволигашки мечеви за Јувентус.

"Им реков на соиграчите на полувремето дека мора да продолжиме со темпото. Верувавме дека ќе постигнеме гол бидејќи демонстриравме игра која Милан неможеше да ја следи. Прв пат постигнувам два гола и пресреќен сум. Им благодарам на фановите за големата поддршка", изјави Маркизио.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...