Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 години денеска со натпреварот против Србија ќе ги почне квалификациите за Европското првенство 2013 година. Почетокот на овој дуел кој ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари е во 15 часот.
Од четвртата група денеска ќе се одигра уште еден натпревар, од 18 часот Данска е домаќин на Фарски Острови.
Табела во групата „4“: Србија 6 бодови (2 одиграни натпревара), Северна Ирска 4 (4), Данска 3 (1), Фарски Острови 1 (3), Македонија 0 (нема одиграно натпревар).