Касано заврши во болница, не можел да гледа и да зборува

Официјалните лица на Милан соопштија дека Антонио Касано завршил во болница поради тестирање за засега неидентификувана болест. Фудбалерот ги одигра последните 17 минути од мечот со Рома во саботата на Олимпико, а првите знаци на проблеми со здравјето ги покажал во авионот. Според италијанските медиуми, тој се шегувал и зборувал со соиграчите, но веднаш потоа ја загубил контролата врз своите сетила, односно не можел да гледа ниту пак да зборува. Веднаш по слетувањето на авионот на миланскиот аеродром Касано итно бил префрлен во болница на дополнителни истражувања.

"Антонио Касано е болен и префрлен во болница веднаш по слетувањето на аеродромот. Ги очекуваме резултатите од тестирањата", соопштија од Милан.

Агентот на Касано Бепе Боцо вчера за медиумите изјави дека Касано се чувствува добро и ги повратил сите функции.

"Касано функционира нормално. Може да зборува нормално и сите сетила му се в ред", изјави Боцо.

Медицинските експерти, според кажувањата на играчите кои биле сведоци на настанот изјавуваат дека Касано можеби доживеал мозочен удар. Сепак, последниот збор ќе го кажат лекарите во миланската болница кои наредниве денови ќе излезат со официјално соопштение.

Ова е втора чудна болест во Милан. Џенаро Гатузо можеби ќе мора да се оперира поради проблеми со видот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...