Аплауз за најголемиот фудбалски стручњак

На 6 ноември 1986 година е сигурно еден од најголемите датуми во историјата на 133-годишното постоење на Манчестер Јунајтед. Клубот постави на чело на екипата релативно непознат шкотски тренер. Шкот со име Алекс Чепмен Фергусон. Многумина се сомневаа во изборот на клубот, меѓутоа од таму не слушаа никого и си тераа по свое, а како одминуваа годините се тоа се потврди како вистински потег. Шкотот остана да работи на Олд Трафорд 25 години, а витрините на клубот се збогатија со 36 пехари, го прескокнаа Ливерпул на листата најтрофеен англиски клуб.

Ферги стана вистинска икона на Манчестер Јунајтед. 25 години во еден клуб не е мала работа. Како илустрација во овој период еден Реал Мадрид смени дури 26 тренери, Баерн 16...

Во саботата пред натпреварот со Сандерленд Фергусон беше дочекан со громогласен аплауз од 76.000 публика на Олд Трафорд. Беше пречекан како бог.

"Не очекував вакво оддавање на почит. Навистина ме изненадивте. Ме правите да се чувствувам горд. Ви благодарам вам и на клубот за овој гест", им рече Ферги на присутните.

За првпат во 101-годишната историја на Олд Трафорд една трибина ќе го носи името на индивидуалец. Северната трибина од вчера го носи името "трибина Алекс Фергусон". Следното лето пред стадионот ќе осамне и негов споменик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...