Моџи, 5 години и четири месеци во затвор

Поранешниот главен директор на Јувентус, Лучиано Моџи е осуден на пет години и четири месеци затвор од страна на судот во Наполи, а причината за ваква улога е пронаоѓањето на вина кај Моџи при аферата со "местени" натпревари во 2006 година.

Постапката која се водеше конечно доби епилог, а обвинителите бараа максимална казна од пет години и осум месеци затвор. Моџи беше обвинет за учество во криминалната организација која се занимава со "местење" спортски натпревари.

Ја доби казната за вмешаноста во местените средби - Лучиано Моџи (лево)

Ова не е прва ваква казна бидејќи претходно беше осуден уште еден поранешен директор и тоа Антонио Џираудо, кој беше дел од тимот на Торино во минатото. Тој беше осуден на три години, но на истата се жалеше, па ја чека конечната пресуда.

Според она што го донесуваат медиумите во Италија, и Моџи нема да се најде во затвор во брзо време бидејќи има право на жалба. Доколку не го искористи времето за жалба тогаш веднаш по ова ќе мора да се најде во затворот. Во спротивно ќе треба да се почека и изјаснување по жалбата, па дури потоа ќе се знае што ќе се случува со Моџи.

Како што е познато, Моџи беше дел од најголемиот скандал кој се случи во Италија и поради кој Јувентус беше преселен во Серија "Б". На овој тим воедно му беа одземани титулите во 2005 и 2006 година. Сепак, по преселбата ранг пониско, Јувентус веднаш успеа да се врати во Серија "А", а дури сезонава се врати во вистинско светло и е конкурентен за титулата. Меѓутоа, Моџи повеќе не може да учествува во работата на клубот, а сосема е јасно и дека по издржувањето на казната нема да може да работи во фудбалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...