По вчерашните прегледи во Охрид, и покрај тоа што допатуваа на репрезентативниот собир поради повреди ослободени се Горан Пандев и Николче Новески, а претходно уште во Скопје отпадна Горан Попов

Без Пандев, Новески и Попов против Албанија

Македонија без тројцата најдобри свои фудбалери Горан Пандев, Николче Новески и Горан Попов ќе го очекува пријателскиот натпревар против Албанија на 15 ноември од 13 часот во Прилеп.

И покрај огромната желба на селекторот Џон Тошак првиот репрезентативен собир на стартот од едногодишниот подготвителен циклус пред квалификациите за СП 2014 во Бразил да го одработи со полн состав, сепак на крајот мораше да попушти пред лекарските констатации за објективните повреди на Пандев, Новески и Попов кои и покрај доаѓањето во Македонија на репрезентативниот повик на крајот веднаш заминуваат.

Веднаш по вчерашното пристигнување на репрезентацијата во Охрид, по извршените лекарски консултации со докторот на националниот тим Виктор Камиловски констатирано е дека нема потреба да се ризикува со повредите на Горан Пандев и Николче Новески за кои најдобро е да се вратат во клупските средини во обидот за постепено враќање во првите тимови на Наполи односно Мајнц. Од првично повиканите 24 фудбалери, пак, уште во средата во Скопје отпадна левокрилниот дефанзивец на Динамо Киев, Горан Попов кој има и најсериозна повреда. По консултациите со лекарскиот тим Тошак неизбежно го ослободи од обврските и Попов, кој веднаш се враќа во Киев каде треба да продолжи со терапијата за надминување на проблемите со коленото.

По откажувањето на тројцата фудбалери сега Тошак останува со 21 репрезентативец, од кои неизвесен уште е и Иван Тричковски, кои ќе се подготвуваат за тест дуелот со Албанците...

"Добредојден е овој репрезентативен собир кој треба да означи еден нов почеток за нашата селекција. Преку наредната година континуирани подготовки веруваме ќе се создаде тим кој според очекувањата ќе игра значајна улога во групата во следниот квалификациски циклус", вели голманот Томе Пачовски, кој е еден од неколкуте репрезентативци кои вчера директно допатуваат во Охрид, сместувајќи се заедно со експедицијата од Скопје во хотелот "Инекс Горица".

Веднаш по пристигнувањето попладнето беше одработен и тренинг на "Билјанини извори" рутинско првично "загревање" за претстојните денови поактивни тренинзи. Утре, според програмата на стручниот штаб, ќе бидат одработени два тренинга додека до заминувањето за Прилеп предвидено за 14 ноември во Охрид ќе бидат одработени плус уште три тренинзи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...