Без петмина важни играчи во дуелот против Албанија

Охрид, 11 ноември 2011 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак пред престојниот пријателски натпревар против селекцијата на Албанија изјави дека е разочарувачки што во дуелот нашата репрезентација ќе влезе без петмина важни играчи.

- Ни недостигаат петмина стандардни играчи – Пандев, Попов, Новески, Тричковски, како и Ибраими, за кој се надеваме дека би можел да ни се придружи в недела. Тоа е можеби шанса за други играчи, но разочарувачки е за мене што ги нема овие петмина важни играчи, што ја усложнува ситуацијата во нашите редови, рече Тошак пред новинарите во Охрид, каде македонските репрезентативци ги вршат последните подготовки за натпреварот во Прилеп.

Селекторот појасни дека поради отсуството на овие стандардни првотимци стратегијата за  дуелот против Албанија ќе ја одреди дури в понеделник, откако ќе ја види формата на другите фудбалери, како и зависно од самиот тек на подготовките. За атмосферата во редовите на нашиот тим селекторот рече дека е задоволен, исто како и од текот на досега одржаните тренинзи.

- Не можам да се пожалам од работата на фудбалерите што се тука во Охрид, тие работат одлично, атмосферата е добра, но доколку и во иднина ни недостасуваат овие пет-шест стандардни играчи, тогаш ситуацијата станува уште посложена за македонската селекција, рече Тошак.

Најдобрите македонски фудбалери од вчера се на подготовки во Охрид. Тие денеска ќе одржат два тренинзи, и по еден тренинг утре и задутре, а за Прилеп заминуваат в понеделник попладне. Пријателскиот натпревар против селекцијата на Албанија ќе се игра во вторник на стадионот „Гоце Делчев“ со почеток од 13 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...