Вторпат за Барса или премиера за Сантос

Двобојот меѓу Сантос и Барселона, кој ќе се одигра утре, во Јапонија, со почеток во 11:30 часот ќе покаже која екипа во моментов е најдобрата во светот, односно ќе го донесе освојувачот на пехарот од Светското клупско првенство. Екипите коишто победуваа во Лигата на шампионите во Јужна Америка и Европа годинава очекува дојдоа до финалето и ова ќе биде најубавиот порадок за сите вљубеници во фудбалот бидејќи ќе има што да се види на теренот.

И покрај тоа сите веќе зборуваат за тоа дека Барселона е голем фаворит. Каталонците се во предност и од нив се очекува да стигнат до триумф на овој меч така што на Сантос останува да го предизвика најдобриот тим во последните неколку години.

"Се најдовме на овој турнир затоа што минатата сезона ја завршивме со победа во Европа. Дојдовме до финалето и в недела ни претстои уште еден меч до титулата. Во минатата сезона имаше изненадување и затоа ние сме внимателни. Утре нема да имаме голема предност. На секоја средба може да се случи с$, но ние сме мотивирани бидејќи овој натпревар ни е најголем мотив во моментов и сакаме да ја завршиме годината со уште еден пехар", вели тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола.

Иако Барса е голем фаворит, сепак, има лошо минато во финалињата на Светското клупско првенство. Во 2006 година загуби од Интернационал со 1:0, а пред две години против аргентинскиот Естудијантес дојде до победа дури по продолженијата.

Сантос има тим со одлични играчи кои се барани во Европа. Еден од нив е и Нејмар за кого повеќе од една година се зборува дека ќе заврши во Реал Мадрид или во редовите на утрешниот ривал. Тој ја префрла фаворитската улога кај Барселона и се обидува да се ослободи од притисокот на патот кон победата.

"Барселона е голем фаворит на средбата против нас. Ние можеме да бидеме задоволни од првиот меч во кој го совладавме тимот на Кашива. Свесни сме дека ова натпреварување секогаш носи изненадувања и затоа бевме внимателни. Утре н$ чека уште еден меч во кој нема можност за чување на сили бидејќи тука мораме да дадеме максимум. Сепак, свесни сме дека на овој натпревар ќе биде многу интересно. Целиот свет сака да ја гледа оваа екипа бидејќи тоа е најдобриот тим на планетата во моментов. Ќе се потрудиме да одиграме колку можеме подобро, но сосема е јасно дека Барса е фаворит", вели Нејмар.

Утрешниот меч е важен и за двете екипи од причина што доколку Барселона успее да дојде до триумф ова ќе биде втор пехар од Светското клупско првенство за овој тим, а практично тоа ќе стане првата екипа која вторпат успева да победи на натпреварувањето откако се игра по овој формат. Самиот пласман на Каталонците во финалето значеше и трет дуел за пехарот со што овој тим е засега единствениот бидејќи никој не успеал двапати да игра во завршниот меч на шампионатот на најдобриот клубови во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...