Красножан си оди, доаѓа Капело?

Денеска рускиот Анжи од Махачкала ќе одлучи дали ќе прави нова тренерска смена откако пред три месеци го именува Јури Красножан за нов шеф на стручниот штаб. Според дел од италијански и руски медиуми клубот од Дагестан сака да го донесе Фабио Капело на клупата кој си поднесе оставка пред неколку дена од селекторската позиција на Англија.

"Клубот претрпе реконструкција. Директорот Алан Созијев го раскина договорот и си замина и нема да дискутираме зошто. Ќе има уште неколку промени. Што се однесува околу тренерската позиција во понеделник ќе се сретнеме со Красножан и ќе одлучиме што ќе правиме", изјави потпретседателот на Анжи Герман Кистијаков.

Красножан му се приклучи на Анжи во декември, една година откако беше отпуштен од Локомотив поради наводно местење на резултати. Меѓутоа сега може повторно да добие отказ или евентуално да биде преместен во младинските категории доколку сопственикот Сулејман Керимов реши да го ангажира Капело.

Италијанскиот Газета дело Спорт открива дека Италијанецот викендов бил во Москва каде разговарал со Керимов околу евентуалниот договор. За тоа дали ќе падне соработка ќе дознаеме денеска или во наредните два до три дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...