Најдобрите клубови во Европa во моментов

Трката за фудбалските трофеи во Европа е на половина пат, а со малкуте застои поради екстремните услови, сегашната сезона донесе неколку изненадувања. Клубовите од оваа листа се тука според резултатите во домашните првенства, домашните купови и европските интернационални натпреварувања, со мал нагласок и на идните натпревари. Ова се дел од најдобрите клубови во Европа во моментов.

Реал Мадрид

Моментално на прво место во Ла Лига со 10 бодови предност пред шампионот Барселона и на добар пат да ја освојат титулата по долгиот пост. Иако беа елиминирани од Кралскиот куп(токму од Барселона), овој месец ги очекува гостување во Москва против ЦСКА  во Лигата на шампионите, а следниот викенд имаат натпревар против Расинг Сантандер во Шпанија.

Манчестер Сити

Овој викенд „граѓаните“ се вратија на врвот во Премиер лигата откако минимално ја победија Астон Вила, и сега имаат два поени предност пред градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Титулата во Англија ќе биде неизвесна до крај, но за сега во Европа, Сити ги очекува натпреварот против Порто.

Манчестер Јунајтед

Како и што може да се очекува од тим како Манчестер Јунајтед, титулата ќе ја бркаат сè до последниот натпревар во мај. Изминатиот викенд на Олд Трафорд го добија дербито против Ливерпул со 2-1 (претходно ремизираа со Челзи 3-3), а оваа недела ги очекува тешко гостување во Амстердам против Ајакс во Европа лигата. Манчестер Јунајтед дефинитивно не е тим кој лесно се предава.

Јувентус

Јувентус е во навистина добра форма, каков што долго време го немаат видено фановите на „Старата дама“. Без пораз во Серија А и со една нога во финалето од Италијанскиот куп ( по победата над Милан). Оваа сезона Јувентус не може да се пофали со настап во Европа, а со одложувањето на двата последователни натпревари во Серија А (ниту во Италија), одличниот кам бек на Мартин Касерес во црно белиот дрес беше добра вест за фановите.

Бенфика

Бенфика моментално е на првата позиција во домашното првенство, а во последниот натпревар убедливо го победи Насионал со 4-1. Како и Манчестер Јунајтед, и Бенфика ја очекува тешко гостување во Русија во Лигата на шампионите, но овој пат во Санк Петерсбург против Зенит.
 
ПСВ

Моментално први на табелата, но со постојана закана од Аз Алкмар кој на тимот „му дише во врат„ со 45 идентични бода на табелата во домашното првенство. Оваа недела ги очекува гостувањето во Турција против Трабзонспор во Европа лигата а и натпревар против Гронинген во Eredivisie.

Лацио

Иако немаат конзистентност во Серија А ( пораз од Џенова и победа над Чезена), Лацио со третата позиција на табелата се бори за влез во Лигата на шампионите следната сезона. Оваа недела го пречекува Атлетико Мадрид на Олимпико во Рим, а има и  гостување на Сицилија против Палермо.

Базел

Први на табелата во швајцарскиот шампионат, четврт финалисти во домашниот куп и на 22 февруари ќе го пречекаат Баерн Минхен во натпревар од Лигата на шампионите. Би ги отпишале како аутсајдери против германските гиганти, но не смее да се заборави дека тоа е тимот кој дома го смести Манчестер Јунајтед во Европа лига. Аутсајдери само на хартија.

Борусија Дортмунд

Со моментални 2 бода предност пред Баерн Минхен на табелата во Бундес лигата, уште е рано да се прогнозира дали тимот на Јурген Клоп ќе ја одбрани титулата, но тие се и полуфиналисти во германскиот куп. Со две победи во изминатите две кола и со натпревар против Херта претстојниот викенд Борусија ги очекува долг пат до титулата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...