Манчини ме третираше како куче

Контроверзниот аргентински фудбалер Карлос Тевез по неуспешните обиди да ги смени клупските бои се враќа во Манчестер Сити, но реши да ја отвори душата и да ги каже несогласувањата со тренерот Роберто Манчини. Играчот мина речиси два месеци во Аргентина без дозвола, а е казнет од клубот поради тоа што одби да се влезе во игра на мечот од ЛШ против Баерн Минхен во септември минатата година.

" Клубот никогаш не ја кажа во јавноста вистината за тоа што се случуваше и зошто сум бесен. Манчини ми ја одзеде капитенската лента без да ми каже или да поразговара со мене околу тоа. Тоа не е се. На мечот со Баерн веќе бев загреан кога ми нареди како на куче да продолжам да со загревање. Јас одбив да го сторам тоа. Сакав да играм, меѓутоа тој беше во лошо расположение по расправијата со Џеко и не ми се допадна начинот на кој ми се обрати", изјави Тевез, кој се обиде да ја смири ситуацијата.

"Одлучив да се вратам од лични причини, да ја свртам ситуацијата и да ги придобијам навивачите. Тие се свртеа против мене по мечот со Баерн, меѓутоа тоа е така бидејќи не биле добро известени од клубот што навистина се случувало", заврши Аргентинецот.

Иако претходно рече дека Тевез сигурно нема да се врати во тимот, Манчини по победата над Астон Вила рече дека фудбалерот може повторно да игра ако се извини за својата непослушност. Британските медиуми проценуваат дека аргентинскиот напаѓач поради кавгата со тренерот изгубил околу 10 милиони фунти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...