Огнено крштевање на Јунајтед

Манчестер Јунајтед вечерва дебитира во Лигата на Европа барем во овој формат, а противникот им е повеќекратниот холандски шампион Ајакс. Составот на Алекс Фергусон изненадувачки испадна од Лигата на шампионите и се најде во второто по квалитет натпреварување во Европа. Иако не се премногу среќни поради тоа што не се во елитата, сепак, ќе се потрудат да дојдат до трофејот кој никогаш не го освоиле во историјата. Ова е нивно прво учество на европски турнир надвор од Лигата на шампионите по 1995 година. Таа година во поранешниот Куп на УЕФА екипата од Олд Трафорд беше шокантно елиминирана од рускиот Ротор од Волгоград, и тоа уште во првата рунда. Од таа генерација се уште активни се Рајан Гигс и Пол Сколс, кои се вклучени во составот на Фергусон за ова натпреварување.

За тоа кои се желбите на екипата и дали го посакуваат трофејот открива напаѓачот Хавиер Хернандез.

"Овој дуел повеќе доликува за во Лигата на шампионите, но тоа е тоа. Судбината сакаше да играме во Лигата на Европа и мора да се согласиме со тоа. Кога играш за Манчестер мора да мислиш на секој трофеј. Така е и во ова натпреварување. Сакам да победиме, но сметаме дека ќе биде тежок натпревар. И Ајакс го посакува пехарот", изјави Хернандез, кој, најверојатно, ќе почне од клупата поради повреда.

Тренерот Алекс Фергусон изјави дека Ајакс е расадник на фантастични фудбалери и тоа го прави голем клуб. Шкотскиот стратег е особено импресиониран од данскиот интернационалец Кристијан Ериксен за кого беше заинтересиран и минатото лето.

"Тоа момче (Ериксен) има голем потенцијал. Ќе видиме како ќе се однесува на теренот, но мислам дека тој ќе ни создава најмногу проблеми. Ајакс како колектив има млади и перспективни фудбалери. Тие секогаш произведуваат фантастични играчи и тоа како клуб го прави уникатен", изјави Фергусон.

Ајакс, кој е домаќин на првиот натпревар против англискиот шампион, е многу искусен во Лигата на Европа. Има одиграно 106 натпревари и постигнато 200 голови. Минатата сезона тимот стигна до осминафиналето и изненадувачки испадна од Спартак Москва, додека пред таа сезона испадна во шеснаесетфиналето од Јувентус. Амстердамскиот тим исто како и Јунајтед се најде во Лигата на Европа по елиминацијата од Лигата на шампионите. Тренерот Роналд де Бур не е премногу среќен од ждрепката, меѓутоа противникот е веќе познат и ќе мора да вложи многу енергија за да ја совлада оваа сериозна пречка.

Статистиката вели дека Ајакс има одиграно 17 натпревари против англиски екипи (осум на домашен терен) и има пет победи и шест порази (четири победи и два порази дома), а третпат ќе игра против Манчестер Јунајтед. Првите нивни средби се од 1976 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...