55 милиони за нови играчи

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, трпи големи критики од јавноста поради елиминациите од Лигата на шампионите и ФА Купот. Одамна се отпишани за премиерлигашката титула што за клубот значи седма сезона по ред без освоен трофеј во која било конкуренција. Сепак, челниците на Арсенал па и сопственикот Стен Кренке уверуваат дека Венгер не мора да се грижи за својата работа. Во текот на неделава ќе биде одржан состанок на кој ќе бидат анализирани резултатите на тимот сезонава, но и плановите за во иднина.

Се очекува на истиот на Венгер да му биде дадена поддршка, но и 55 милиони фунти за летниот преоден рок. Се што се очекува од Французинот е сезонава да ја заврши на некои од местата кои водат во Лигата на шампионите. Што се однесува до иднината на Венгер, тој има договор на уште две години.

Во Арсенал сигурно ќе има измени во играчкиот кадар на лето. Голем дел од играчите ќе бидат продадени за да се направат места за нови засилувања. "Топчиите" се заинтересирани за Марио Гетце, Лукас Подолски, Еден Хазард и Матиас Суарез.

Поранешниот играч и тренер на Арсенал, Џорџ Грем го искритикува Венгер поради тоа што не купува проверени фудбалери туку често се потпира на младите и недокажани играчи.

"Јасно е дека клубот мора да претставува млади играчи, меѓутоа истовремено мора да купува и веќе оформени како што тоа го прави Алекс Фергусон на пример. Тој лансира млади играчи но истовремено не се плаши да даде 25 милиони фунти за фудбалер од страна. Тоа не е случај во Арсенал", изјави Грем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...