"Кралевите" фаворити и на "Лужники"

Победоносниот од на екипата на Реал Мадрид денеска би можел да продолжи на "Лужники" во Москва. Составот на ЦСКА денеска од 18 часот ќе ги пречека "кралевите", а целта е да се продолжи со добрите игри против шпанските состави и да се оствари нова победа.

Домаќинот се соочува со големи проблеми пред мечот бидејќи неколку фудбалери се жалат на повреда, а двајца се суспендирани. Сето ова, но и формата го поставуваат тимот на Реал Мадрид како фаворит и тука секој друг резултат освен победа на гостите ќе биде изненадување.

"Не можеме да сметаме на комплетниот состав. Имаме проблеми со повредени играчи, а најмногу ни недостига голманот Акинфеев, кој веќе подолго време е надвор од терените. Неопходен ни е особено за ваков тип натпревари каде што со своето искуство сигурно би ни бил од голема помош. Сепак, и покрај сите отсутни мораме да се обидеме да направиме колку е можно подобар резултат", вели тренерот на ЦСКА Москва, Леонид Слуцки.

Неговиот колега има причини за да биде далеку позадоволен пред денешниот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

"Задоволен сум од тоа како моите момци одиграа во саботата против Сантандер. Сепак, тоа е меч кој веќе се обидуваме да го заборавиме. Имавме два дена за да се вратиме во ритам и да ја вратиме подготвеноста за настап. Се вртиме кон натпреварите од Лигата на шампионите и нашата цел е да направиме колку е можно подобар резултат во Москва. Мотивирани сме за успех. Имавме долго патување и дојдовме во место каде температурите се ниски. И покрај тоа денеска ќе се обидеме да ја прикажеме нашата игра и да наметнеме наше темпо. Сметам дека можеме да го решиме победникот уште денеска и на реваншот да можеме да одиграме далеку помирно", коментираше Мурињо.

На овој меч целта на Реал Мадрид ќе биде и да го одржи она што го направи во групната фаза кога успеа да ги освои сите бодови, но имаше и само два примени гола. Ќе се направи се за да се зачува голот и да се продолжи со игра во ист стил, а можноста за тоа е голема. ЦСКА ќе биде на големи маки на денешниот дуел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...