Наполи го победи Челзи, Реал ремизираше

Екипата на Наполи синоќа постигна победа во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На стадионот „Сан Паоло“ во Неапол совладан беше тимот на Челзи со 3:1, иако гостите од Лондон поведоа со 1:0.

Првиот гол во 27.минута го постигна Хуан Мата, а потоа следуваа головите на домашната екипа во 39.минута изедначи Езекил Лавеци на 1:1. На 2:1 зголеми Единсон Кавани во судиското надополнување на првиот дел (45+ 2 минути), додека конечните 3:1 ги постави Лавеци со својот втор гол во 65.минута.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев во дресот на Наполи во игра влезе во 82.минута на местото на Марек Хамшик.

На вториот дуел синоќа во Москва, ЦСКА и Реал Мадрид одиграа нерешено 1:1. „Кралскиот клуб“ поведе преку Кристијано Роналдо во 28.минута, а ЦСКА изедначи во судиското надополнување на вториот дел (90+3), стрелец беше Понтус Вернблум.

Вечерва се играат последните два осминафинални натпревари: Базел – Баерн Минхен и Олимпик Марсеј – Интер.

Претходната недела се одиграа натпреварите: Милан – Арсенал 4:0, Олимпик Лион – АПОЕЛ 1:0, Баер Леверкузен – Барселона 1:3 и Зенит – Бенфика 3:2.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...