Ново изненадување од Базел, Ајев побрз од судијата

Мајсторот за победи против големите тимови, Базел дојде до нов триумф овој пат на првиот осминафинален дуел против Баерн со 1:0 и ќе има многу значајна предност на реваншот.

И двете екипи тргнаа добро во мечот и целта беше да стигнат до предност. Сепак, не им одеше најдобро во ова така што во текот на целото прво полувреме немаше реализација. Остана резултатот од почетокот така што ниту едниот ниту другиот тим не можеа да се пофалат со предност на паузата од мечот.

Баерн имаше повеќе од играта и во второто полувреме. Доминираше со поседот на топката, но во фазата на реализацијата напаѓачите немаа свој ден. Никако не можеа да го совладаат голманот на Базел, Зомер иако за тоа им беше потребно само малку повеќе концентрација.
Дека на Баерн не му оди најдобро во последно време, а особено на стрелците на овој тим се виде во 73. минута кога Гомез излезе сам пред голманот Зомер.

И она што го испуштија гостите, домашните го претворија во предност на само четири минути до крајот на средбата. После една акција која одеше од десната страна нововлезениот Штокер успеа да остане сам на левиот дел од теренот. Тоа му овозможи да ја прифати топката без никакви проблеми. Нојер не можеше да интервенира бидејќи Штокер беше преблизу до голот, а со тоа и задачата му беше прелесна. Базел поведе со 1:0 во моментите кога никој не очекуваше.

Марсеј ќе има предност од 1:0 на реваншот во Милано против Интер откако синоќа успеа да победи со гол кој беше постигнат дури во третата минута од продолжението после предолго надигрување.
Домаќинот имаше одличен старт на средбата пред се во фазата на нападот каде што се вршеше голем притисок. Сепак, ова не носеше и резултат бидејќи недостигаа погодоци, па остануваше 0:0.

И додека Марсеј ја имаше иницијативата тимот на Интер беше тој кој ги создаде првите посериозни шанси за погодок. Форлан имаше неколку можности за да го загрози голот на Манданда, но голманот на домаќинот бранеше одлично и ова го оставаше почетниот резултат и понатаму на средбата.

Ваквата игра продолжи во текот на целото прво полувреме. Марсеј постојано напаѓаше, но Интер ја користеше секоја можност за да дојде до голот на домашните. Сепак, се чини дека Раниери погреши кога Милито го остави на клупата, а им даде шанса на Зарате и Форлан. Токму Милито е единствениот кој постигна голови на последните шест меча на Интер.

Составот на Марсеј имаше повеќе од играта и на стартот на второто полувреме. Интер не беше така опасен како во првите 45 минути, па ова му овозможуваше на домаќинот почесто да е на половината на гостите. Имаше неколку шанси кои наликуваа на можен погодок, но немаше реализација.

Кога сите го очекуваа последниот свиреж на судијата домашните успеаја да дојдат до погодок. Се играше третата минута од продолжението кога Валбуена изведе корнер, а Андре Ајев беше највисок во скокот. Цезар остана здрвен и само ја проследи топката која мина покрај него и влезе во голот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...