"Гореше" во соблекувалната на Баерн

Веднаш по мечот меѓу Базел и Баерн Минхен во соблекувалната на "баварците" било многу интересно, но и премногу бучно. Не се споменува кој бил најгласен во нервозата, но дефинитивно може да се погодува дека еден од нив бил тренерот Јуп Хејнкес. Има незадоволство и кај играчите, па останува деновиве да се види како ќе течат работите.

Дека Баерн имаше катастрофален меч потврдува и Франц Бекенбауер, кој е почесен претседател во клубот.

"Сите на терен беа задоволни од нерешениот резултат, но не и резервите на Базел. Тие ја 'зезнаа' цела работа", коментираше во шега Бекенбауер.

Покрај тоа ги искритикува и главните ѕвезди на тимот.

"Резултатот не е добар за Баерн. Базел има тим кој е во состојба да даде гол и без да создаде некоја голема шанса за тоа. Швајцарците победија заслужено. Робен и Рибери не направија ништо на теренот, а одбраната беше вистинска катастрофа. Дури четворица беа само гледачи кога Штокер го постигна голот", изјави популарниот Кајзер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...