Одиграни реванш натпреварите од шеснаестфиналето на Лига Европа

Познати се екипите кои ќе ги продолжат натпреварите во Лигата на Европа на УЕФА, откако синоќа беа одиграни реванш дуелите од 1/16 финалето, а само на еден победникот беше решен по продолженија.

Во Гелзенкирхен, Шалке дури по дополнителните минути ја елиминираше екипата на Викторија Плзен, откако победи со 3:1. Во регуларните 90 минути натпреварот заврши со резултат 1:1, исто како на првиот натпревар во Плзен.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Атлетик Билбао – Локомотив Москва 1:0 (1:2 прв натпревар), Валенсија – Стоук 1:0 (1:0), Твенте – Стеауа 1:0 (1:0), Стандард – Висла 0:0 (1:1), ПАОК – Удинезе 0:3 (0:0), ПСВ – Трабзон 4:1 (2:1), Бриж – Хановер 0:1 (1:2), Манчестер Јунајтед – Ајакс 1:2 (2:0), Металист – Салцбург 4:1 (4:0), Олимпијакос – Рубин 1:0 (1:0), Андерлехт – АЗ 0:1 (0:1), Атлетико Мадрид – Лацио 1:0 (3:1), Бешикташ – Брага 0:1 (2:0) и Спортинг Лисабон – Легија 1:0 (2:2).

Во средата пласман во осминафиналето обезбеди и Манчестер Сити откако го елиминираше ланскиот победник Порто со две победи 4:0 (2:1).

Двојките за осминафиналето се: Металист – Олимпијакос, Спортинг Лисабон – Манчестер Сити, Твенте – Шалке, Стандард – Хановер, Валенсија – ПСВ, АЗ – Удинезе, Атлетико Мадрид – Бешикташ и Манчестер Јунајтед – Атлетик Билбао.

Натпреварите ќе се играат на 8 и на 15 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...