Дерби во северен Лондон

Еден од најголемите дерби натпревари во Англија ќе се одигра в недела, а ќе се сретнат лутите севернолондонски ривали Арсенал и Тотенхем. По многу години екипите го дочекуваат дербито во изменети улоги. Тотенхем го презеде приматот во северен Лондон, а на табелата му бегаат на Арсенал 10 бодови.

Тотенхем има реални шанси да се врати во Лигата на шампионите со освојување на третото место на табелата иако достижен е врвот бидејќи заостануваат зад лидерот седум поени. "Спарси" сезонава играат неверојатно добро. На последните 23 натпревари, поточно од дебаклот од Манчестер Сити (5:1) на крајот на август имаат само два порази и 16 победи што е одличен ефект. Тимот има цел да избори место во Лигата на шампионите и тоа засега го остварува. Моментално се "владетели" во северен Лондон бидејќи го победија Арсенал со 2:1 во првиот дел од сезоната со головите на Ван дер Варт и Кајл Волкер.

Арсенал не личи на себеси сезонава, а последнава недела наиде на жестоки критики поради елиминацијата од ФА Купот, како и дебаклот од Милан во првиот дуел во Лигата на шампионите. Тоа значи дека седма сезона по ред "топчиите" ќе останат без освоен трофеј, а навивачите повеќе не се задоволни од политиката на Арсен Венгер и управата на клубот. Екипата има дури осум порази сезонава, предалеку е од првото место, па единствено што им остана е битката за третото или четвртото место за излез во Лигата на шампионите. Овој меч против Тотенхем е особено значаен за враќање на довербата кај навивачите.

"Кога играме против Тотенхем забораваме на табелата. Тоа ќе биде вистинска војна па најдобриот тим нека победи. Спарси се во подобра форма, имаат голем квалитет но тоа не значи дека се сигурни победници. Ние се уште имаме сила во своите нозе да победуваме. Ќе сториме се повторно да владееме со северен Лондон", изјави бекот на "топчиите" Јохан Џуру.

Здравствениот билтен е неповолен за Арсенал. Кошиелни, Мертезакер, Скилачи, Кокелин, Диаби, Вилшир, Андре Сантос и Фримпонг се повредени и неможат да помогнат на овој меч. Најверојатно Џенкинсон ќе биде фит да пја засили "кршливата" одбрана. Кај Тотенхем Хари Реднап нема да смета на Галас, Хадлстоун, Џенас и Бентли поради повреди. Неизвесен за настап е и Емануел Адебајор, кој има повреда на коленото, но постојат големи шанси, сепак, да го одигра мечот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...