Фудбалско шоу за шампионска титула

Дојде моментот кој многумина вистински љубители на фудбалот го очекуваа. Најголемите ривали за "Скудетото" сезонава ќе се пресметаат викендов на Сан Сиро, меч кој можеби ќе даде појасна слика околу трката за првото место.

"Росонерите" моментално имаат бод предност во однос на Јувентус кој има и натпревар за доигрување па сигурно нема да му биде мило доколку ги загуби поените. Влогот е голем па опцијата пораз не доаѓа в предвид. Она што е најлошо за нив е фактот што во најбитниот меч ќе настапат без првата "виолина" во нападот Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот поради глупав гест доби суспензија од три натпревари, а во меѓувреме жалбата му беше одбиена, па дербито ќе го преседи на трибините.

Тоа отвора можност за бразилското дуо Робињо - Пато во нападот потпомогнато од Холанѓанецот Урби Емануелсон кој се прикажа фантастичен на минатиот првенствен натпревар против Чезена. Макси Лопез и Ел Шарави ќе ја бараат својата шанса од клупата. Покрај Ибра поради повреди отпаднаа Боатенг, Сидорф и Аквилани. Дефанзивата ќе ја пополнат Неста и Тиаго Силва, а во екипата е земен и Мексес иако е повреден.

Ситуацијата со повредени играчи не им е најсјајна меѓутоа тренерот Масимилијано Алегри ќе мора да го преброди тоа и да го најде вистинскиот состав кој ќе извлече добар резултат на дербито.

"Во сабота играме за 'Скудето'. Ќе биде многу тежок натпревар. Два пати изгубивме од нив сезонава и ќе биде навистина лошо ако уште еднаш потфрлиме. Натпреварот е многу важен и не смееме да попуштиме сега кога најмногу ни требаат бодовите", изјави Емануелсон.

Тренерот Масимилијано Алегри размислува поинаку и вели дека мечот не одлучува за титулата.

"Мислам дека овој меч не е одлучувачки околу шампионот меѓутоа победата на еден од тимовите ќе направи разлика во поени. Подготвени сме да играме долем меч кој статистички ја заслужува позицијата на табелата. Ја имаат најдобрата одбрана и немаат пораз.Се надевам дека сме доволно мотивирани да извлечеме победа", изјави Алегри.

Јувентус испушти четири бодови против Сиена и Парма, но триумфот над Катанија минатото коло им го врати победничкиот менталитет. "Бјанконерите" немаат пораз сезонава што е невиден рекорд во историјата на клубот и ќе биде уште подобро доколку сезонава ја грабнат титулата.

Тренерот Антонио Конте има само една главоболка, а тоа е повредата на младиот Лука Мароне. Големи шанси во нападот им се дава на тандемот Кваљареал - Матри кои беа стрелци на последните неколку меча, додека Вучиниќ би можел да почне од клупата. Тоа ќе го одлучи Конте пред мечот.

"Според мене Милан ја има фаворитската улога, но ние ја градиме самодовербата и очекуваме добро да се претставиме. Најдобро е да ги нападнеме од почеток и да не им дозволиме да ја градат својата игра", изјави Алесандро Матри.

"Милан е најсилниот тим во првенството, но ние нема да глумиме жртви овде.

Имаат почит кон нас поради фактот што ги победивме двапати сезонава", изјави Буфон.

Андреа Пирло се среќава со поранешниот свој тим. Искусниот играч од средниот ред пред неколку денови во Купот на Италија го одигра мечот против "росонерите" на Сан Сиро, а ова е второ негово враќање во Милано.

НА ИНТЕР МУ ПРЕДВИДУВААТ НОВА КАТАСТРОФА

Интер во најлош момент бара излез од лошата форма и прекин на серијата на катастрофални резултати. "Нероаѕурите" се во серија од седум натпревари без победа во сите конкуренции, а последните четири ги загуби без да постигне гол. Во недела гостуваат на Сан Паоло против одличниот Наполи. "Сините" од Неапол се осоколени по големата победа над Челзи во Лигата на шампионите и со нетрпение го очекуваат овој дерби натпревар.

Предвидувањата не се добри за Интер. Поради очајната форма и проблемите во играта многумина аналитичари му предвидуваат нов пораз па дури и дебакл. Доколку тоа се случи многу е веројатно Клаудио Раниери уште во понеделник да си ги спакува куферите и да го напушти Милано. Сепак останува да почекаме да се одигра овој меч па да видиме дали Масимо Морати ќе одлучи да му даде на тренерот отказно решение.

Според анализите на италијанските медиуми Горан Пандев најверојатно ќе настапи за Наполи од првата минута против поранешниот тим на местото на Марек Хамшик. Ќе биде интересно доколку им даде гол и неговиот тим ја однесе победата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...