Откажа и Попов, на негово место Димитровски

По ослободувањето на Новески, вчера попладне настапот на контролниот дуел со Луксембург поради повреда на коленото го откажа и Горан Попов кој е на подготовки со Динамо Киев во Израел

Горан Попов

Наспроти неговата најголема желба да ги има на располагање сите фудбалери кои ќе ги повика на еден собир, посебно оние стандардните првотимци, селекторот Џон Тошак повторно со проблеми го очекува и пријателскиот натпревар кој го играме во среда против Луксембург.

Откако претходно беше сосема јасно дека поради повреда отпаѓа Николче Новески, вчера попладне своето доаѓање во Луксембург го откажа и Горан Попов. Левокрилниот дефанзивец вчера го информирал стручниот штаб дека по последните два тренинзи за Украинците, за време на подготовките во Израел, му се појавил оток на коленото поради што клупскиот лекар побарал неизбежно неколкудневно мирување од страв да не се обнови претходната повреда поради која Попов претходно паузираше повеќе од три месеци.

По откажувањето на Горан Попов селекторот за денешниот собир дополнително го повика членот на Млада Болеслав, Владимир Димитровски.

"Мене ми е жал што во последен момент отпадна моето приклучување на репрезентативниот собир. Знам дека на селекцијата и се неопходни овие тест дуели кои значат почеток на подготвителниот циклус за квалификациите за СП 2014 кои не чекаат од септември", истакнува Попов од Израел, кој пак претходно за интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија го нагласи и своето задоволство што во пролетниот дел не очекуваат и пријателски натпревари против далеку пореномирани светски репрезентации.

"Слушнав дека ќе играме и пријателски натпревар со светската велесила, Португалија. Навистина е одлично што ќе имаме и такви противници за контрола затоа што навистина ни се неопходни такви средби. Сум играл против многу фудбалски ѕвезди, но ова би било првпат да играм против Роналдо. Голема е желбата за вакви натпревари со велесили како Шпанија, Англија Португалија".

Македонската репрезентација денеска на пладне со директен собир во Луксембург ги почнува подготовките за пријателскиот натпревар кој в среда на 29 февруари не очекува со фудбалскиот "лилипутанец".

Според најавите од стручниот штаб, денеска во утврдениот термин се очекува пристигнувањето на сите повикани репрезентативци. Согласно програмата на селекторот Џон Тошак, репрезентативците денеска од 19:30 часот во Луксембург ќе го одработат и првиот тренинг пред контролата. За утре се планирани уште два тренинзи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...