МАКЕДОНИЈА СО "ГОЛЕМИОТ" ЏОН ТОШАК ДО НОВ ГОЛЕМ ПОРАЗ

Леле, леле, леле... Луксембург!

Каква федерација таква репрезентација. Поразени сме од аматерска селекција која е на 133. место на ФИФА листата. Секоја чест за сите кои беа таму. Ова е врв на сите глупости во македонскиот фудбал

Голем пораз за репрезентацијата на Македонија на пријателскиот меч со Луксембург. Домаќинот славеше со 2:1 во меч со пресврт и во меч за кој обложувачите знаат да кажат "два у кец" или 30 коефициент. Секоја чест за нашите фудбалери кои уште еднаш ни приредија срам од светски размери за комплетниот фудбал и спорт во оваа држава. Големите репрезентативци и "играчишта" кои вредат "милиони" паднаа на колена во битката со аматерите од Луксембург. На колена се момците на големиот и многу фалениот Џон Тошак. Избраниците на "фудбалскиот крвник" Харалампие Хаџи-Ристески под чие водство овој национален тим е пропаднат, уништен и безвреден.

Трагедијата која ни се случи синоќа е болка за сите оние кои сме во фудбалот, за сите оние кои се дел од националниот тим и за сите оние кои го сакаат и навиваат за државниот тим. Сите овие кои беа во Луксембург направија подеднаква лакрдија како онаа во Андора без разлика на тоа што во тоа време тоа беше меч од квалификациски карактер. Ова е пријателски дебакл, но и пораз кој ги премина сите граници.

Леле, леле... ни се случи Луксембург! Дали сме свесни од кого загубивме!? Од репрезентација која е на 133. место на ФИФА рејтинг листата. Точно дека и ние не сме некоја велесила, но Луксембург!? Ви се молам...!? Овие наши фудбалери не знаат за доста кога станува збор за поразите на кои сите ни се смеат. Во моментот кога помисливме дека ова е дното и дека нема подолу ни се случува спротивното. Ни се случува пораз за плачење. Ова е невидено, ова не е можно да ни се случува.

Луксембург

А добро тргнавме. По само 25 минути игра поведовме со првенецот на Хасани. Имавме водство, но не блескавме. Луксембург со дефанзивна игра ги затвори сите приоди кон нивниот гол. Но на нашите фудбалери победата како да им удри во глава на полувремето па така во вторите 45 минути делувале како загубени на теренот иако преку Пандев и Деспотовски сме имале супер шанси и за втор гол. Потоа Луксембург случајно израмнува на 1:1 во 56. минута по шутот на Девил од 20 метри, а во третата минута од судиското продолжение ни се случи дебаклот, ни се случи поразот. Нашите фудбалери свесни дека и нерешениот резултат е неуспех тргнале со сите сили по корнерот од десната страна. Следи "кикс" на Лазевски и зицер на Девил, кој по вторпат ја тресе нашата мрежа.

Тоа е она што успеавме да го добиеме како информации за сето она што се случувало во Луксембург. Лакрдијата ја видоа само оние кои се дел од истата на чело со нивниот лидер Хаџи-Ристески. Прилепчанецот сигурно е горд на ова што го направи со репрезентацијата. Никој не е како него! Никој не губи како нас од аматери како што се Лихтенштајн, Андора, Луксембург. Кој е следниот што ќе ни го земе скалпот и кој со нас ќе пишува историја. Она што е најважно е тоа дека ние сме и дефинитивно фудбалска дефиниција за правење на глупости. Момци секоја чест! Вие сте нашите "херои" и пример за децата како не треба да се бранат боите на оваа држава и како не треба да се игра кога се носи репрезентативниот грб. Можеби помладите генерации ќе научат да бидат поинакви од вас и да не бидат "лузери"! А од вас толку беше... Една голема "гола вода" и профитери кои преку националниот тим стигнавте до трансфери, до пари на штета на фудбалот во оваа држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...