Тошак разочаран по поразот од Луксембург

Поразот во пријателскиот натпревар со Луксембург од 2:1 е тежок за Македонија и пред се засрамувачки резултат за мене кој не го очекував. Разочаран сум од она што се случи на средбата со Луксембург. Посебно ме загрижува тоа што воопшто не постои дисциплина во играта кај дел од играчите. Вториот гол го примивме по банална грешка и повеќе би рекол неодговорност кај дел од нив. Дозволивме по наш корнер противникот да изведе контранапад три на еден и да постигне втор погодок, изјави по натпреварот селекторот на националниот тим Џон Тошак. 

Според македонскиот селектор отсуството на неколку стандардни репрезентативци не е оправдување за лошиот резултат.

- Можеме да коментираме дека не играле Новевски, Шумуликоски, Тричковски, Попов, но нема оправдување. Некои од играчите воопшто не можев да ги препознам на теренот. Како да игравме со 5-6 играчи против растрчаните и борбени домашни 11 фудбалери, истакна Тошак.

Тој натпреварот го почна со четворица напаѓачи, а во второто полувреме по неколкуте измени шанса добија сите повикани, освен Владимир Димитровски.

- Измените не го дадоа очекуваниот ефект иако беа создадени повеќе шанси во последните минути, а најблиску до постигнување гол беа Пандев и Деспотовски. Недозволена е неодговорноста и недисциплината во финишот кога дел од играчите делуваа школски и од наша топка, наш корнер дозволија противникот со брз контранапад да не казни буквално во последните секунди, изјави Тошак за веб страницата на ФФМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...