Дербито на ПМФЛ одложено за утре

Комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, Миле Спиркоски, го одложи натпреварот Шкендија – Вардар од 20-тото коло во Првата фудбалска лига за утре, бидејќи Шкендија не успеа благовремено да обезбеди терен за одигрување на овој дуел.

ФФМ ја задолжи Шкендија до 10 часот денеска да го извести органот за натпреварување на кој стадион надвор од Тетово ќе го одигра погоренаведениот натпревар, согласно известувањето добиено од МВР дека во Тетово нема услови да се игра лигашки фудбал оваа недела.

Вториот клуб од Тетово кој во оваа коло требаше да биде домаќин на „Градскиот стадион“, екипата на Тетекс, својот натпревар против Напредок ќе го одигра утре на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Двојките за другите четири натпревари од ова коло се: Работнички - Ренова, 11 Октомври - Охрид, Хоризонт Турново - Силекс и Металург - Брегалница. Почетокот е закажан за денес од 14 часот.

Табела: Вардар 47 бодови, Металург 40, Шкендија 39, Силекс 27, Ренова 25, Брегалница 25, Напредок 22, Охрид 21, Работнички 20, Тетекс 18, Хоризонт Турново 16 и 11 Октомври 11.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...