Најдобрите натпревари од ЛШ и ЛЕ достапни само на MaxTV

· Екслузивно, Македонски Телеком ги откупи правата за пренос на фудбалските натпревари од Лигата на Шампиони и од Лига Европа за сезоната 2012 – 2015 година

· За поголемо спортско уживање, љубителите на фудбалот ќе можат да ги следат сите популарни натпревари во висока резолуција (HD) само на MaxTV

· Спортските фанови во секој момент, без разлика каде и да се наоѓаат, ќе можат да гледаат натпревар освен на MaxTV и на својот мобилен телефон или пак преку интернет


Како компанија којашто секогаш ги следи барањата на своите корисници, Македонски Телеком подготви неверојатно изненадување за сите љубители на спортот. Екслузивно за територијата на Република Македонија, Македонски Телеком ги откупи правата за пренос на фудбалските натпревари од Лигата на Шампиони и од Лига Европа за сезоната 2012 – 2015 година. Корисниците на Македонски Телеком ќе имаат можност да ги гледаат на MaxTV сите натпревари од Лигата на шампионите кои се одржуваат во вторник, сите натпревари во среда освен еден и сите натпревари во четврток освен еден од Лига Европа, за секоја недела во која се одржуваат натпреварите од овие две првенства.

Дополнително, за поголемо спортско уживање, љубителите на фудбалот ќе можат да ги следат сите популарни натпревари од Лигата на Шампиони и од Лига Европа во висока резолуција единствено на MaxTV. Супер куп натпреварот, како и сите полуфинални и финални натпревари од двете лиги, исто така ќе бидат достапни како дел од содржинските понуди на Македонски Телеком.

Со цел да им овозможи на што е можно поголем број граѓани да ги следат возбудливите случувања од фудбалските терени, Македонски Телеком натпреварите од Лигата на Шампиони и Европа лигата ќе ги направи достапни на сите свои платформи, односно достапни преку било кој уред. Па така, спортските фанови во секој момент без разлика каде и да се наоѓаат, а по свој избор, во живо освен на MaxTV ќе можат да гледаат натпревар и на својот мобилен телефон или пак преку интернет.

На овој начин, понудата на содржини од Лигата на шампиони и Европа лигата ќе биде побогата и поразновидна од било кога претходно на територијата на Република Македонија.


Македонски Телеком и во иднина ќе продолжи да го збогатува портфолиото на MaxTV со дополнителни спортски содржини, докажувајќи ја на тој начин својата лидерска позиција на пазарот. Имплементирањето на иновативни понуди, согласно трендовите на пазарот и натаму останува приоритет за компанијата, при тоа обезбедувајќи им уникатни и незаборавни доживувања на своите корисници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...