Втор нерешен натпревар за Реал

Екипата на Реал Мадрид загуби нови два бода од предноста која ја имаше на табелата во Примера Дивизија во однос на Барселона.

Во натпревар од 28-то коло на Шпанското фудбалско првенство одигран синоќа, „Кралевите“ одиграа 1:1 на гостувањето кај Виљареал, со што ја намалија предноста во однос на најголемиот конкурент за титулата на 6 бодови. Пред само две кола Реал имаше 10 бодови повеќе од каталонскиот тим.

На останатите средби одиграни вчеравечер постигнати се следниве резултати: Атлетико Мадрид - Атлетик Билбао 2:1, Спортинг Хихон - Мајорка 2:3, Реал Сосиедад - Леванте 1:3 и Валенсија - Сарагоса 1:2.

Во вторникот Барселона ја победи Гранада со 5:3, а Осасуна и Хетафе одиграа без голови 0:0.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварите: Бетис - Еспањол, Расинг Сантандер - Севиља и Малага - Рајо Ваљекано.

Табела: Реал Мадрид 72 бода, Барселона 66, Валенсија 47, Леванте 44, Малага 41 (натпревар помалку), Осасуна 40, Атлетико Мадрид 39, Еспањол 39,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...