Давид и Голијат на мегдан

Иван Тричковски и колегите вечерва ќе имаат голем предизвик пред својата публика на дуелот со Реал Мадрид. "Кралевите" ќе напаѓаат за да ја решат дилемата околу полуфиналистот уште не првиот меч, но неизвесно е колку фудбалерите на Апоел се подготвени и колку тие ќе можат да направат на овој меч.

Откако стигнаа до четвртфиналето при ждрепката сите ги посакуваа како свои ривали. "Среќата" беше за Реал, а дали насмевката на лицето кај претставниците на овој тим ќе остане и по одигрувањето на денешната и реванш пресметката следната среда, останува да видиме. Она што е сигурно е дека Реал нема да има лесна задача во Никозија. Апоел е тим кој дома игра добро во текот на целата сезона и затоа ќе биде навистина голем предизвик да се следи овој натпревар.

"Кралевите" при самото пристигнување во Кипар предизвикаа бран на воодушевување кај сите вљубеници во фудбалот. Сите сакаа да се фотографираат со своите миленици, а дефинитивно само најсреќните ќе имаат можност вечерва да ги следат на теренот против Апоел.

Не треба да се зборува многу околу тоа кој е фаворит на средбата. Сосема е јасно дека очекувањата се Реал да забележи две победи и на тој начин да се пласира во полуфиналето. Сепак, не треба да се заборави дека Реал важеше како фаворит и на првиот меч против ЦСКА во Москва, но не успеа да мине се онака како што се прогнозираше. Тогаш ЦСКА успеа да извлече реми, па затоа и Апоел гледа свои шанси за сличен епилог, барем на првиот дуел.

Во секој случај ова е натпревар за историјата на клубот од Кипар и натпревар на кариерата на сите фудбалери. Самиот факт што Тричковски е најавен од првата минута покажува дека денеска ќе има за кого да навива и јавноста во Македонија. Ќе биде максимално возбудливо, но што и да се случи сигурно нема да биде ништо решено и ќе мора да се сочека реваншот.

Лисабон е предноста за Бенфика

Од денешната програма од две средби во Лигата на шампионите двобојот меѓу Бенфика и Челзи е во преден план бидејќи се работи за поизрамнета пресметка односно дуел во кој и двете екипи имаат приближно еднакви шанси за да се изборат за пласман во полуфиналето.
Поради постојаноста со игрите во ЛШ играчите на Челзи би требало да добијат предност. Кога ќе се види, пак, како играат фудбалерите на Бенфика сезонава во Лигата на шампионите сосема е јасно зошто Португалците сите ги сметаат како незгоден ривал.

Сезонава веќе успееја да стигнат до победа на екипа од Англија. Манчестер Јунајтед не ја мина групата во која беше и Бенфика. Во Лисабон не се наигра ниту Зенит, кој на првиот меч успеа да го совлада тимот од Португалија и да има предност за реваншот. Сето тоа најавува дека и денеска ќе може да се види интересна средба во Лисабон каде што домаќинот ќе знае како да дојде до предност за реваншот.

"Моето мислење останува непроменето. Јас сум среќен што ќе имаме можност да се соочиме со екипата на Челзи во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Во оваа фаза од натпреварувањето нема слаби екипи. Сите се силни. Сепак, јас сум задоволен што токму Челзи е нашиот следен противник. Се работи за добра екипа која има многу промени по заминувањето на Боаш и поставувањето на Ди Матео за тренер. Покрај тоа можам да кажам дека многу повеќе сакам кога играме против англиски тимови бидејќи сметам дека знаеме многу подобро да се прилагодиме на нивната игра", вели тренерот на Бенфика, Жорге Жесус.
Ова е најава дека Бенфика нема да се брани на овој меч туку напротив ќе нападне од првата минута и ќе цели кон тоа да создаде предност за реваншот.

Затоа, пак, составот на Челзи ќе биде пред предизвик и ќе мора да одолее на ова гостување. Не смеат да се повторат грешките од првата средба против Наполи, односно мора да се одигра на високо ниво и да се направи се за да се дојде до многу подобар резултат кој ќе даде шанса за мирен реванш.

"Имаме седум средби за 20 дена. Во секоја од другите федерации се прави се за да им се помогне на тимовите колку е можно подобро да се подготват за натпреварите од европските купови. Тоа не е случај само во Англија. Затоа, на овој дуел Бенфика ќе има предност во однос на нас. Нашиот противник го одигра својот натпревар во петокот. Покрај тоа имаше цел викенд за одмор за разлика од нас. Ние моравме да играме и во средата, но и во саботата. Имавме два тешки дуели и имавме пат до Португалија. Едноставно се оди во прилог на Бенфика. И покрај тоа ние сме оптимисти, но мораме да сфатиме дека не смееме да го потцениме противникот. Ако се случи тоа тогаш може да минеме исто како и против Наполи на првиот меч", вели менаџерот на "сините, Роберто ди Матео.

Иако предноста на денешниот дуел е за фудбалерите на Бенфика, сепак, сосема е јасно дека Челзи ја гледа својата шанса на реваншот кога ќе излезе на теренот со далеку поголем мотив и со желба да се пласира во полуфиналето. Победникот од овој дуел за противник во полуфиналето ќе ја има подобрата екипа од двобојот меѓу Милан и Барселона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...