Барса на победа, Милан по изненадување

Екипата на Милан се соочи со проблеми пред денешниот дуел со Барселона, а тој не се однесува само на играчкиот кадар каде има неколку повредени. Пристигнувањето на Ноу Камп доцнеше поради одлагањето на летот кон Шпанија. Во Франција има штрајк на контролорите на летови, а тоа беше доволна причина за неколкучасовно пролонгирање.

Дали ова доцнење (за синоќа беше најавено летнување кон Барселона) ќе биде проблем за денешната средба со Барса и играчите ќе бидат заморени е неизвесно да се каже, но дефинитивно ваквиот проблем ќе остави трага кај момците на Алегри.

Во секој случај денешното дерби ќе биде го остави својот белег во четвртфиналето од ЛШ. И двете екипи имаат искусни играчи кои ќе знаат како да го однесат својот тим кон успех. За жал, само за еден од овие тимови ќе има место во полуфиналето.

Не е никаква тајна дека предноста е на страната на Барселона. Ноу Камп секогаш бил шанса плус за Каталонците, а кога тие ќе одлучат да тргнат во напад и атак на победа тогаш е навистина тешко некој да ги запре.

За денеска се најавува трка за победа со најсилните 11 во тимот (со исклучок на Виља и Абидал кои се повредени). Во составот се враќа Адриано така што одбранбената линија нема да има проблеми и нема да има потреба да се игра со тројца стопери. Оттаму Барса е во нешто подобра позиција.

"Ние мора да победиме. Тоа е реалноста. Едноставно мораме да го искористиме играњето пред нашите фанови. Мораме на терен да излеземе со голема доверба и верувам дека ќе биде така. Сигурен сум дека ќе може да се проследат 90 максимално возбудливи минути, но се надевам на добар резултат за нас", вели Иниеста, кој во саботата против Атлетик постигна прекрасен гол.

Гостите својата надеж ја гледаат преку контрите како и на првиот дуел во групната фаза кога играа 1:1. Пред да заминат на аеродромот каде што ги дочека веста дека ќе треба да почекаат за полетување кон Шпанија, тренерот Алегри го искажа своето видување.

"Кога играте против Барселона се чувствувате како да сте во финалето од Лигата на шампионите. За нас ова е четврти натпревар против овој тим сезонава. Минавме добро на првата средба и ќе се потрудиме уште еднаш да бидеме на истото ниво. Ние ќе се обидеме да бидеме на висина од нашата задача и уште еднаш да се надигруваме со Барселона иако знаеме дека ќе биде навистина тешко", вели Алегри.

Она што е предност за Барселона е и фактот дека овој тим секогаш победува на реваншот по 0:0 на првиот меч. Досега трипати се случувало некој тим да извлече 0:0 на првиот дуел со Барса, но потоа на Ноу Камп ги дочекувал пекол. Тоа го почувствувале тимовите на Линц (74/75), Феенорд (74/75) и Бенфика (2005/06).

Дали традицијата ќе продолжи и вечерва или Милан ќе успее да ја запре Барселона ќе се види вечерва на Ноу Камп на мечот, кој почнува од 20:45ч. На Барса и одговара само победа. Милан оди понатаму и со реми во случај да има погодоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...