БАРСЕЛОНА - МИЛАН 3:1 (2:1)

Шампионот сигурно во полуфинале

Барселона го совлада Милан на реваншот од четвртфиналето и со вкупни 3:1 го исфрли шампионот на Италија од натамошното учество во Лигата на шампионите. На тој начин првакот од лани во ЛШ се избори за ново полуфинале во кое ќе игра со подобриот тим од двобојот меѓу Челзи и Бенфика.

Средбата стартуваше со доминација на фудбалерите на Барселона. Решени да го добијат овој дуел, но и да поведат рано тие вршеа пресинг на противникот уште некаде на дваесетина метри од голот на Абиати. Тоа им даваше резултат бидејќи Милан никако не можеше да ја изнесе топката од својата половина, а нападите на домаќинот стануваа се поопасни.

Првите две шанси ги имаше Меси в 5. и 7. минута, но не беше доволно сигурен. Само четири минути подоцна исто така Меси украде топка од Мексес кој беше невнимателен и непречен од никого тргна кон Абиати. Излезе сам пред него, но од страна натрчаа Неста и Антонини, па врати назад за Чави. Тој не успеа да бие и ја врати кон Аргентинецот, кој беше соборен од Антонини. Пеналот беше чист и реализиран со големо чувство од страна на Меси.

После водството од 1:0 играта продолжи со силно темпо, но не на нивото од првите десет минути. Милан полека почна да притиска. Немаше најава за некаква посериозна закана кон Валдес. Сепак, во 32. минута од можеби втората нешто посериозна шанса дојде и израмнувачкиот погодок. Ночерино доби топка по десната страна и откако остана сам успеа да бие крај десната нога на Валдес. Мечот стана интересен бидејќи беше 1:1, а со овој резултат гостите одеа понатаму.

Ова беше дополнителна мотивација за домаќинот кој тргна одново со сите сили кон триумф. Играта повторно беше на половината на Милан. Шансите се редеа, а новата можност за гол дојде повторно од пенал. При изведениот корнер од Чави, Неста го повлече Бускетс за дрес и го оневозможи да дојде до топката. Судијата беше во близина и покажа на белата точка. Меси одново беше прецизен, па на четири минути до паузата беше 2:1 за домаќинот, резултат со кој и се замина на одмор.

Само осум минути во вториот дел беа доволни за Барселона одново да стрела прецизно во голот на гостите. Откако Милан тргна многу поотворено се остави простор и една топка дојде до Иниеста кој одлево остана сам пред голманот на гостите и беше јасно дека тоа е мат позиција за 3:1.

До крајот на мечот играта беше во потполна контрола на Каталонците. Барселона имаше неколку шанси за да зголеми, но стрелците немаа доволно голема концентрација, па остана само да го прослават овој триумф и новиот пласман во полуфиналето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...