Тренерот на Реал Мадрид и поранешен тренер на Челзи, Жозе Мурињо, изјави дека „сините“ од Лондон немаат шанси да се пласираат во финалето од Лигата на шампиони. Тој дури го нарече каталонскиот тим „супер- фаворит“ во пресрет на мечот со Челзи.
-Да бидам искрен, не мислам дека во финалето ќе ги гледаме Челзи и Реал Мадрид. Зошто? Затоа што Барселона се многу добри. Барселона не се фаворити. Тие се супер- фаворити, објасни Мурињо за Telemadrid.
Првиот полу-финален натпревар Челзи против Барселона ќе го одигра на 18-ти април, а Реал Мадрид еден ден претходно ќе ги одмери силите со Баерн Минхен.
Финалето од Лигата на шампиони ќе се одигра на 19-ти мај на Алијанц Арената во Минхен.