ВЕЧЕРВА ВО ЛОНДОН ЧЕЛЗИ ЈА ПРЕЧЕКУВА БАРСЕЛОНА ВО НОВА ГОЛЕМА ПРЕСМЕТКА ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Расчистување на сметките

Големите ривали кои во времето на Мурињо и Рајкард имаа неверојатни пресметки, а ги продолжија и по нивното заминување од тимот вечерва ќе имаат нов двобој. Како и пред три години тие имаат битка за пласман во финалето, но овој пат разликата е во распоредот на одигрување на средбите. Челзи е домаќин на првиот меч, додека Барса ќе го има реваншот кога и ќе се одлучува патникот во финалето во вторник.

"Уште кога дознавме дека ќе играме против Барселона знаевме дека ќе ни претстојат тешки натпревари. Сепак, ние сметаме дека не е невозможно да дојдеме до победа. Се надеваме дека ќе успееме да дојдеме до место во финалето. Знаеме дека Барселона ќе направи се за да ја задржи колку може подолго топката во свој посед и ќе не натера да се браниме, но ние имаме доста квалитетни фудбалери кои ќе знаат како да дејствуваат во секоја ситуација. Се надевам дека историјата ќе биде различна во однос на последната пресметка и ќе успееме да победиме", вели еден од Шпанците во Челзи, Хуан Мата.

Еден од оние кои се оптимисти пред средбата е и Френк Лампард. Искусниот фудбалер беше дел на повеќето од натпреварите меѓу двете екипи.

"Имаме девет победи на 12 средби со Ди Матео. Тој е одличен. Го презеде тимот во лоша ситуација, но веќе направи големи работи. Тој го сака Челзи. Донесе нов дух во соблекувалната. Разговараше со сите играчи и резултатите доаѓаат. Ја заслужува сета доверба. Што се однесува до денешната средба имаме голем респект кон нашиот противник. Тие се фаворити поради начинот на кој играат и поради играчите кои го сочинуваат тимот. Во последните неколку години се најдобри на светот, но ако ние одиграме како против Тотенхем тогаш имаме шанси", вели Лампард.

Имаат нерасчистени сметки: Ди Матео и Гвардиола

Оној кој најдобро го познава Челзи од играчите на Барселона секако е Цеск Фабрегас. Има играно многу средби против овој состав во Премиер лигата.

"Против Челзи секогаш средбите се тешки. Се сеќавам на еден натпревар против Арсенал. Доминиравме во текот на целата средба, а тие ни дадоа гол од првата контра. Дрогба е одличен во таквите напади. Тие се едноставно 'убијци' кога напаѓаат и затоа мора да сме внимателни. Додека ги водеше Вијас-Боаш тој бараше од нив да владеат со топката. Сега со Ди Матео се врати мотото за посилна одбрана и контранапади", изјавува Фабрегас.

И покрај сето ова јасно е дека денеска ништо нема да биде решено на овој дуел. Се ќе биде оставено отворено и неизвесно до реваншот кога ќе падне одлуката за патникот во финалето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...