Реал победнички на Ноу Камп

Победата од 2:1 на Ноу Камп за екипата на Реал Мадрид значеше голем чекор напред во освојувањето на титулата во Примера бидејќи на четири кола до крајот "кралевите" имаат седум бода кои би требало да бидат повеќе од доволни за да се одржи првото место и по 2008 година титулата да се врати на Бернабе.

Иако победата на Реал си е сосема заслужена од прикажаното на теренот остануваат сомнежи на играта на двете екипи. Го немаше жарот со кој се играше на минатите дуели меѓу двата. Дефанзивците на Реал беа и повеќе од дисциплинирани во извршувањето на своите задачи. Не одеа безглаво во запирањето на противничките играчи и беа максимално концентрирани на играта. Од друга страна немаше ниту некакви поголеми провокации од Барселона, па се мина во најдобар ред. Првпат откако Мурињо е дојден во Реал "Ел Класико" беше мирно и во прв план беше фудбалот.

Сето ова нималку не ја оспорува победата. Напротив, Реал беше подобриот на теренот и покрај тоа што Барса имаше доминација. Дури и спорниот момент при првиот гол не го намалува триумфот. Можеби и имаше офсајд, но судиите не досудија ништо. Домашните не се бунеа туку без никакви проблеми тргнаа од центарот.

Во вториот дел од мечот Санчез успеа да израмни по само две минути откако влезе на теренот. Сепак, радоста траеше кратко бидејќи само три минути подоцна Реал веќе имаше ново водство откако Роналдо им избега на своите чувари.

За многумина спорен е и моментот со Тељо во првите 11 кај Барселона. Катастрофално лошата игра на Иниеста. Бледите партии на Чави, Меси, Маскерано... Замор или нешто сосема друго е тешко да се каже, но дефинитивно ова беше чудно мирен меч во кој и двете екипи имаа шанси, но Реал беше подобар за еден гол.

"Резултатот на гостувањето против Барселона е плод на нашата напорна работа. Сега ни претстои период до крајот во кој мораме да работиме еднакво добро и напорно како и досега. Овие три бода ни даваат многу самодоверба за следните дуели од првенството и од ЛШ. Задоволни сме од тоа како момците одиграа. Озил докажа дека е многу добар и ги отфрли сите сомнежи кои се појавија во последно време за неговата игра и за неговата форма. Роналдо како и обично беше на високо ниво. Сето ова придонесе да ги земеме трите бода на Ноу Камп", вели помошникот на Мурињо, Каранка.

Ова беше прва победа за Реал против Барса по пауза од четири години (во предвид се земаат само првенствените дуели). Последен пат "кралевите" имаа победено на 7 мај во 2008 година. На Ноу Камп немаа триумф од 23 декември 2007 година. Негативната серија е прекината, а со ова веројатно полека оди во историјата и играта на Барса под водство на Гвардиола. Веројатно ќе требаат новини во играта за да се врати старото ниво.

"Може само да му честитаме на Реал за победата против нас и за освоената титула. Загубивме многу на овој дуел. Реал е состав кој е силен на физички план и тоа успеа да го искористи. Сепак, сметам дека се претставивме добро. Игравме на свој начин, но тоа се покажа како недоволно. Имавме многу шанси за гол, но ова не беше наш ден. Не смееме да заборавиме дека оваа сезона е пред крајот, а овие момци веќе четири години носат победи и успеси на клубот", изјавува Гвардиола.

По ова веќе е сосема јасно дека Реал е пред враќање на титулата во Мадрид после три трофеи по ред кои завршија во Барселона. Дефинитивно последните четири средби сезонава ќе бидат само формалност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...