РЕАЛ МАДРИД - БАЕРН М. (2:1, 2:1)

Мурињо на колена

Предноста од првиот меч фудбалерите на Баерн ја загубија после само шест минути игра. Алаба беше невнимателен при ударот на Ди Мариа и играше ненамерно со рака. Сепак, ова беше доволно за да спречи акција на Реал, па на тој начин се дојде до шанса за домашните за гол. Виктор Касаи оправдано покажа на белата точка.

Сигурен реализатор на пеналот беше Роналдо, па Реал веќе имаше предност од 1:0, а со оглед на тоа дека на гости имаше гол резултатот од 1:0 повеќе му одговараше на домашниот состав.

Неполни две минути после ова гостите се заканија. Алаба одлично се проби по левата страна. Ја уфрли топката пред голот на Касиљас, а Робен уште еднаш се посрамоти. Слично како и против Борусија Дортмунд и сега од пет метри биеше високо на голот.

Кога ваквите шанси не се користат речиси редовно стига казна. Иако тоа не се случи во следниот напад, дојде во 14. минута. После една акција на средината од теренот една топка сосема случајно дојде до Озил. Тој успеа да најде пат за да додаде до Роналдо, кој остана осамен. Правењето вишок дојде во вистинско време, па Роналдо имаше чист пат за да постигне гол за 2:0 и веќе после 14 минути игра Реал имаше одличен резултат.

После вториот гол на Реал, Баерн не застана туку продолжи да атакува кон голот на Касиљас. Сепак, освен што имаше 2-3 шута од далечина кои не делуваа многу сериозно, се друго беше безопасно.

Затоа, пак, Реал имаше шанса да поведе со 3:0 во 25. минута. Сепак, стрелците беа нерешителни пред голот на Нојер и не успеаја да ја казнат невнимателноста на одбраната на Баерн. Сепак, откако опасноста беше расчистена гостите тргнаа во напад, а само една минута подоцна Пепе направи прекршок над Гомез. Касаи не се мислеше и вторпат во првото полувреме покажа на белата точка, но овој пат за Баерн. Рибери биеше на десната страна на Касиљас кој ја допре топката со прстите, но не можеше да ја одбрани.

На тој начин во 27. минута веќе беше актуелен истиот резултат како и во Минхен, па ваков епилог го носеше мечот во продолженија.

Средбата продолжи со динамично темпо, а и двете екипи на моменти имаа обиди да се заканат и да дојдат до погодок. Баерн успеа да го надмине почетниот притисок во кој прими два гола. Имаше добра контрола на топката, па веќе силите беа израмнети. Сето ова даваше шанса за да се игра на високо ниво во финишот од првиот дел.

Последната шанса во првото полувреме ја имаа гостите. Одново Робен беше во прв план. Тој се избори за прекршок на 18 метри од голот на Касиљас, а самиот биеше одлично. Сепак, Касиљас беше на вистинското место и успеа да го спаси голот така што на одмор се замина со 2:1 во корист на домашниот тим.

Стартот на вторите 45 минути донесе интересен тек на настаните. Топката беше почесто на половината на Реал, а со тоа Баерн ја имаше и иницијативата. Затоа, пак, првата шанса за гол ја имаше домаќинот преку Бензема. Меѓутоа, Нојер беше на вистинското место.

Ова како да беше се што фудбалерите беа подготвени да направат во вториот дел од мечот бидејќи како се играше во продолжението не се добиваше впечаток дека има доволно сигурен играч за да постигне гол. Шансите не беа доволно сериозни, а како наближуваше крајот така стануваше се помирно.

Надежта дека вториот финалист ќе биде решен во 90 минути пропадна на пет минути пред крај. Робен додаде одлична топка до вториот стрелец сезонава во ЛШ, Марио Гомез. Место да ја упати во голот и што се вели да ја "искине" мрежата, тој прво ја смири и дозволи противничките играчи да го стигнат и да го изблокираат. Шансата на мечот за финале дефинитивно беше пропуштена.

Со ова средбата отиде во продолженија кои само што почнаа донесоа притисок од страна на Реал Мадрид. Се добиваше впечаток дека "кралевите" не сакаат да одат во "пенал рулетот", но ова не носеше никаков резултат бидејќи резултатот после првите 15 дополнителни минути остана 2:1. Ниту една посериозна шанса и премногу чување на силите беа причина никој да не дојде на чекор од финалето.

Вторите 15 минути не донесоа ништо ново. Повторно и двете екипи играа превнимателно и повеќе мислеа на својот отколку на противничкиот гол. Во таква игра Реал имаше нешто повеќе, но секоја од шансите која даваше мала надеж или завршуваше со офсајд или со добра интервенција на противничката одбрана. Оттаму средбата и после 120 минути заврши со 2:1, па вториот финалист го решаваа пеналите.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...