Екипата на Манчестер Сити синоќа во дербито на Премиер лигата го совлада градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 1:0 и го презеде водството во Премиер лигата. И двата тима имаат ист број на бодови – 83, но „граѓаните“ имаат подобра гол разлика.
Инаку, натпреварот беше решен во судиското надополнување на првиот дел, кога капитенот на Манчестер Сити Винсент Компани го постигна единствениот гол.
Вечерва се играат и два од четирите одложени натпревари од 34.коло (поради полуфиналните натпревари од ФА купот): Ливерпул – Фулам и Стоук – Евертон, додека утре ќе играат Челзи – Њукасл и Болтон – Тотенхем.
Табела: Манчестер Сити 83 бодови, Манчестер Јунајтед 83, Арсенал 66, Тотенхем 62 (натпревар помалку), Њукасл 62 (натпревар помалку), Челзи 61 (натпревар помалку