Најтешкиот чекор на "граѓаните"

Фудбалерите на Манчестер Сити в сабота го играат првиот од двата клучни натпревари за шампионската титула во Премиер-лигата. Јасно е дека и на двата мораат да бркаат победи, но овој против Њукасл е од најголемо значење. "Граѓаните" поради подобрата гол разлика се на првото место, пред Манчестер Јунајтед и дали ќе ја освојат титулата ќе зависи само од нив. По триумфот над градскиот ривал минатото коло, апетитите пораснаа и сега се размислува само на победа на гостувањето кај Њукасл. Меѓутоа, тој дуел ќе им биде екстремно тежок. Њукасл атакува на Лигата на шампионите, а во последно време игра во фантастична форма. Има седум победи од осум меча, а ги доби последните четири на домашен терен без примен погодок. Импресивна беше победата над Челзи на Стемфорд Бриџ во средата па со огромна мотивација играчите ќе пристапат на дербито со Сити.

Тренерот на составот од Манчестер, Роберто Манчини, претходно изјави дека дуелот со Њукасл ќе им биде многу потежок од оној со Јунајтед.

"Дуелот со Њукасл ќе биде многу посложен. Со Јунајтед игравме дома и игравме многу добро, но сега му гостуваме на Њукасл и мислам дека ќе биде многу потешко. Противникот има неколку добри фудбалери кои ја носат екипата, а го издвојувам Сисе, кој постигнува неверојатни голови. Го видов неговиот погодок против Челзи, тоа беше ремек-дело. Тие се ментално силни и доста брзи па ќе водиме вистинска војна за секоја топка", изјави Манчини.

Доколку "киксне" Сити на овој меч, Јунајтед со победа над Свонси ќе се врати на првото место. Па во последното коло "црвените ѓаволи" за заверка на титулата ќе играат со Сандерленд, а во ист термин Сити ќе го пречека КПР.

Инаку, Њукасл и Сити ќе го одиграат 165 меѓусебен меч во историјата. Во предност се "црно-белите", кои имаат 70 победи, додека "граѓаните" имаат 56. Меѓутоа Сити нема пораз на последните 10 премиерлигашки мечеви против Њукасл или поточно од 2005 година.

ЛЕГЕНДА: Како да се мине Њукасл? - играчите на Сити

ЛЕГЕНДА: Во Сити се исплашени од него - Папис Демба Сисе

РАМКИ

Голот на Руни против Сити најубав во Премиер-лигата

Фантастичниот гол на Вејн Руни со ножишки минатата година, на градското дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити е прогласен за најдобар во историјата на Премиер-лигата во анкетата која ја спроведе раководството на лигата меѓу англиските фудбалски љубители по повод 20 години од постоењето на ова натпреварување. Голот на Руни заврши прв пред чудесниот лоб на Дејвид Бекам од својата половина против Вимблдон во 1996 година како и фантастичниот волеј на Тиери Анри против Манчестер Јунајтед во 2000 година.

Венгер во "клубот 900"

Саботниот натпревар меѓу Арсенал и Норвич ќе биде посебен за менаџерот на "топчиите", Арсен Венгер. Французинот ќе го одбележи 900. натпревар на клупата на Арсенал откако го презеде во 1996 година. Премиерниот меч на Венгер му беше во октомври истата година против Блекбурн, а досега оствари 519 победи, 204 нерешени и 176 порази. Инаку, со Арсенал освои три шампионски титули, четири ФА Купа и четири Комјунити шилдс трофеи.

Астон Вила казни тројца фудбалери

Премиерлигашот Астон Вила ги казни Џејмс Колинс, Фабијан Делф и Крис Херд поради ноќниот провод во Бирмингем во понеделникот. Вечерта завршила хаотично бидејќи алкохолизираните Херд и Делф биле исфрлени од ноќен клуб, додека Колинс физички се пресметал со еден од клупските работници. Тројцата добија укор и парични казни.

Вокер продолжи до 2017

Младиот фудбалер на Тотенхем, Кајл Вокер потпиша продолжување на договорот до 2017 година. Десниот бек е незаменлива алка кај лондонскиот тим, а оваа сезона настапи на 47 од 51 натпревар во сите конкуренции. Вокер оваа година беше избран за најдобар млад играч во Англија од Здружението на професионални фудбалери.

САБОТА (05.05.2012)

АРСЕНАЛ - НОРВИЧ 13:45

НЕДЕЛА (06.05.2012)

ЊУКАСЛ - МАНЧЕСТЕР С. 14:30

АСТОН ВИЛА - ТОТЕНХЕМ 15:00

БОЛТОН - ВБА "

ФУЛАМ - САНДЕРЛЕНД "

КПР - СТОУК "

В'ХЕМПТОН - ЕВЕРТОН "

МАНЧЕСТЕР Ј. - СВОНСИ 17:00

ПОНЕДЕЛНИК (07.05.2012)

БЛЕКБУРН - ВИГАН 21:00

ВТОРНИК (08.05.2012)

ЛИВЕРПУЛ - ЧЕЛЗИ 21:00

ТАБЕЛА

1. Манчестер С. 36 26 5 5 88:27 83

2. Манчестер Ј. 36 26 5 5 86:33 83

3. Арсенал 36 20 6 10 68:44 66

4. Тотенхем 36 19 8 9 63:40 65

5. Њукасл 36 19 8 9 55:46 65

6. Челзи 36 17 10 9 62:41 61

7. Евертон 36 14 10 12 47:39 52

8. Ливерпул 36 13 10 13 43:38 49

9. Фулам 36 13 10 13 46:48 49

10. ВБА 36 13 7 16 41:47 46

11. Сандерленд 36 11 12 13 44:43 45

12. Свонси 36 11 11 14 43:49 44

13. Стоук 36 11 11 14 34:50 44

14. Норвич 36 11 10 15 47:63 43

15. Астон Вила 36 7 16 13 36:50 37

16. Виган 36 9 10 17 38:60 37

16. КПР 36 9 7 20 40:63 34

18. Болтон 36 10 4 22 42:73 34

19. Блекбурн 36 8 7 21 47:75 31

20. Вулверхемптон 36 5 9 22 38:79 24



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...