Фудбалерот на Стоук Сити, Роберт Хут, изјави дека очекува Баерн Минхен да победи во саботното финале од Лигата на шампиони, кое ќе се одигра на Алијанц Арената во Минхен против тимот на Челзи.
Хут дури даде и свое предвидување за конечниот резултат 3-1 за Баерн Минхен.
- Моето срце чука за Германија, и ќе ги поддржувам Баерн во сабота. Мислам дека ќе ги победат Челзи со резултат 3-1, изјави Хут за германските медиуми.
Роберт Хут од 2002 до 2006 година беше фудбалер на Челзи, а од 2006 до 2009 година на Мидлсброу. Од 2009 е дел од Стоук Сити во англиската Премиер лига.