ЕКИПИТЕ КОИ ЌЕ ИГРААТ ВО УТРЕШНОТО ФИНАЛЕ ОД ЛШ, БАЕРН И ЧЕЛЗИ ГИ ПРИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ

Шансите се 50:50

Финалистите во Лигата на шампионите го имаат уште само денешниот ден за да се подготват за натпреварот кој ги очекува утре и на кој ќе треба да го дадат максимумот за да се изборат за најголемиот трофеј во евро сезоната. Баерн Минхен ја имаше таа можност на свој терен да се бори за титулата во Лигата на шампионите, а Челзи, пак, ќе треба уште еднаш да покаже дека пласманот во финалето не е резултат на случајност.

Ден пред мечот и двајцата тренери имаат интересни размислувања, а секој се обидува да тактизира и притисокот да го префрли на противникот.

ХЕЈНКЕС СТРАВУВА ОД ПРОТИВНИКОТ

Стратегот на Баерн, Јуп Хејнкес вели дека не може да биде сигурен со каков состав ќе излезе на терен екипата на Челзи и каква ќе биде играта.

"Видливо е дека Челзи има различен стил на игра и дека често ги менува составите. Против Бенфика играа една игра, но против Барселона излегоа со сосема друг состав. Очекувам Челзи да биде сосема поинаков во однос на полуфиналето. Екипата во минатите денови беше на одлично ниво и игра се подобро. Покрај тоа во составот имаат искусни играчи и јасно е дека ветераните, кои со години играат за Челзи, сакаат да освојат нешто големо. Сето ова е многу опасно за нас и ни дава дополнителна тешкотија. Мораме да бидеме свесни дека ќе ни претстои многу тешка задача и моето мислење е дека шансите се 50-50", вели Хејнкес.

ДИ МАТЕО ГИ МОТИВИРА ИГРАЧИТЕ

Менаџерот на Челзи се обидува да им влее дополнителна самодоверба и мотив на своите играчи зборувајќи им дека тоа што ќе играат финале на теренот на противникот може да биде и шанса да се изненади.

"Оваа средба може да ја определи историјата на нашиот фудбалски тим. Се разбира тоа би било првпат да стигнеме до трофејот во ЛШ. За нас само тоа ќе биде успех. Сметам дека и двата тима имаат свои шанси за победа. Домашниот терен секако ќе биде голем плус за Баерн, но мислам дека и ние знаеме да се носиме со овој факт и ќе знаеме како да стигнеме до позитивен резултат. Ќе се потрудиме да бидеме на потребното ниво и да го дадеме максимумот. Ова е многу важен дуел и сите мораме да бидеме максимално мотивирани и да го извлечеме најдобро од секого", изјави Ди Матео.

ЧЕЛЗИ ВЕЖБА ПЕНАЛИ

За да се случи да има пенали во финалето ќе мора и после 90 минути, но и после дополнителните 30 да нема победник. Во Челзи веќе како да го знаат резултатот и да знаат дека нема да има тим со предност ниту после 120 минути игра, па на последните тренинзи изведуваа пенали. Тие се обидуваат да бидат колку е можно подобро подготвени доколку дојде до пенал рулет, а сето ова може да биде многу значајно во моментите кога ќе треба да падне одлуката кој ќе дојде до пехарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...